Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Писмо од Водечкото тело

Писмо од Водечкото тело

„Бидете учители“ (Евр. 5:12). Замисли! Јехова — најдобриот Учител во целата вселена — нам ни доверил задача да ги поучуваме луѓето за него! За нас е скапоцена чест и голема одговорност да ги поучуваме другите за Јехова, сеедно дали го правиме тоа во семејството, во собранието или во службата. Што ќе ни помогне успешно да ја извршуваме оваа задача?

Одговорот се наоѓа во зборовите што апостол Павле му ги напишал на Тимотеј: „Посвети се на јавното читање, на поттикнувањето, на поучувањето“. Потоа Павле додал: „Правејќи го тоа ќе се спасиш и себеси и оние што те слушаат“ (1. Тим. 4:13, 16). Пораката што ја пренесуваме може да им го спаси животот на луѓето. Затоа е многу важно да научиме уште подобро да читаме и да поучуваме. Оваа брошура ќе ни помогне во тоа. Да разгледаме некои нејзини обележја.

Библиски стих кој е наведен во почетокот на секоја лекција. Тој е поврзан со нејзината главна поука и содржи или некое начело или пример за тоа како може да се примени поуката.

Јехова е нашиот „Најголем Учител“ (Иса. 30:20). Иако оваа брошура ќе ти помогне да научиш подобро да читаш и да поучуваш, немој никогаш да заборавиш дека пораката што ја пренесуваме е од Јехова и дека тој ги привлекува луѓето (Јован 6:44). Затоа, моли се често за свет дух. Користи ја Библијата што е можно повеќе. Насочувај го вниманието кон Јехова, а не кон себе. Труди се да им помогнеш на другите да го засакаат со сето срце.

И тебе ти е доверена задача да ги поучуваш другите за најважната порака на сите времиња. Уверени сме дека успешно ќе ја извршуваш оваа задача, потпирајќи се „на силата што ја дава Бог“ (1. Пет. 4:11).

Вашите соработници,

Водечко тело на Јеховините сведоци