Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 12

Срдечност и сочувство

Срдечност и сочувство

1. Солуњаните 2:7, 8

ЦЕЛ: Биди искрен кога зборуваш и покажи им на другите дека навистина си заинтересиран за нив.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Мисли на оние што те слушаат. За да можеш да сочувствуваш со нив, размислувај со какви проблеми се соочуваат. Пробај да се ставиш во нивна кожа.

  • Внимателно размисли што ќе кажеш. Труди се да ги охрабриш, да ги утешиш и да ги зајакнеш твоите слушатели. Немој да користиш изрази со кои би ги навредил. Освен тоа, не зборувај со потценување за оние што не му служат на Јехова, како и за нивните верувања кои многу им значат.

  • Покажи дека си заинтересиран за нив. Покажи им на слушателите дека навистина си заинтересиран за нив така што ќе зборуваш љубезно и ќе користиш соодветни гестови. И од изразот на твоето лице треба да се гледа дека се грижиш за другите. Насмевнувај се почесто.