Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 17

Разбирливо за другите

Разбирливо за другите

1. Коринќаните 14:9

ЦЕЛ: Помогни им на слушателите да го разберат она што го кажуваш.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Темелно проучи го материјалот. Треба добро да ја разбереш темата за да можеш да ги објасниш работите едноставно и со свои зборови.

  • Користи кратки реченици и едноставни изрази. Иако не е погрешно да се користат подолги реченици, добро е главните мисли да ги изнесеш кратко и јасно.

  • Објасни ги непознатите изрази. Ако е можно, избегнувај да користиш зборови кои не им се познати на твоите слушатели. Но, ако мора да спомнеш некој помалку познат поим, библиска личност, мерка или обичај од старо време, тогаш наведи и кратко објаснување.