Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 04

Кој е Бог?

Кој е Бог?

Речиси од самиот почеток на човечката историја, луѓето обожавале многу богови и божици. Сепак, од Библијата дознаваме дека постои еден Бог кој е „поголем од сите други богови“ (2. Летописи 2:5). Кој е тој Бог? И зошто е поголем од сите други богови што луѓето ги обожаваат? Во оваа лекција ќе дознаеш кои работи овој Бог сака да ги знаеш за него.

1. Кое е името на Бог и зошто можеме да бидеме сигурни дека тој сака да го знаеме неговото име?

Во Библијата, Бог ни открил некои работи за себе. Тој вели: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“. (Прочитај Исаија 42:5, 8.) Името Јехова, кое потекнува од хебрејскиот јазик, според многу изучувачи значи „оној што предизвикува да стане“. Јехова сака да го знаеме неговото име (2. Мојсеева 3:15). Зошто може да бидеме сигурни во тоа? Во Библијата, ова име се појавува повеќе од 7.000 пати. a Името Јехова му  припаѓа на „вистинскиот Бог горе на небото и долу на земјата“ (5. Мојсеева 4:39).

2. Што дознаваме од Библијата за Јехова?

Библијата ни кажува дека иако луѓето обожаваат многу богови, Јехова е единствениот вистински Бог. Зошто може да бидеме сигурни во тоа? Од неколку причини. Јехова има највисока, односно врховна власт, и единствено тој е „Севишен над целата земја“. (Прочитај Псалм 83:18.) Тој е Семоќен, што значи дека има моќ да прави сѐ што ќе посака. Тој создал сѐ — вселената и целокупниот жив свет на Земјата (Откровение 4:8, 11). И единствено Јехова постоел отсекогаш и ќе постои засекогаш (Псалм 90:2).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш која е разликата меѓу титулите на Бог и неговото име. Исто така, ќе дознаеш како ни го открил своето име и зошто сака да го знаеш и да го користиш.

3. Бог има многу титули, но само едно име

За полесно да ја разбереш разликата меѓу титула и име, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Која е разликата помеѓу една титула, како што е „Господар“, и едно име?

Библијата вели дека луѓето им служат на многу богови и господари. Прочитај Псалм 136:1-3, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Кој е „Богот над боговите“ и „Господарот над господарите“?

4. Јехова сака да го знаеш и да го користиш неговото име

Што покажува дека Јехова сака да го знаеш неговото име? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Што мислиш, зошто Јехова сака да го знаеме неговото име?

Јехова сака луѓето да го користат неговото име. Прочитај Римјаните 10:13, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Зошто е важно да го користиме Божјето име, Јехова?

  • Како се чувствуваш кога некој го памти и го користи твоето име?

  • Што мислиш, како се чувствува Јехова кога го користиш неговото име?

5. Јехова сака да се зближиш со него

Една жена од Камбоџа по име Сотен рекла дека најголема радост во животот ѝ донело тоа што го дознала Божјето име. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како влијаело врз Сотен тоа што го дознала Божјето име?

Пред да станеш нечиј пријател, обично го дознаваш неговото име. Прочитај Јаков 4:8а, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Според овој стих, на што те поттикнува Јехова?

  • Како тоа што го знаеш и го користиш името на Бог може да ти помогне да се зближиш со него?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Има само еден Бог и затоа не е важно како ќе го наречеш“.

  • Дали си уверен дека Јехова е Божјето име?

  • Како би објаснил некому дека Бог сака да го користиме неговото име?

ШТО НАУЧИ:

Името на единствениот вистински Бог е Јехова. Тој сака да го знаеме и да го користиме неговото име за да се зближиме со него.

Како би одговорил?

  • Каква разлика постои меѓу Јехова и боговите што ги обожаваат луѓето?

  • Зошто треба да го користиме Божјето име?

  • Што покажува дека Јехова сака да се зближиш со него?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Разгледај пет причини зошто може да бидеме уверени дека постои Бог.

„Дали Бог постои?“ (Статија на интернет)

Прочитај зошто е разумно да веруваме дека Бог постоел отсекогаш.

„Кој го создал Бог?“ (Стражарска кула од 1 август 2014)

Дознај зошто треба да го користиме Божјето име и покрај тоа што не знаеме како се изговарало во минатото.

„Кој е Јехова?“ (Статија на интернет)

Дали е важно како го нарекуваме Бог? Прочитај зошто може да кажеме дека тој има само едно лично име.

„Колку имиња има Бог?“ (Статија на интернет)

a Нешто повеќе за значењето на Божјето име и за тоа зошто е отстрането од некои преводи на Библијата можеш да прочиташ во Дел 1 од брошурката Да ја истражуваме Божјата Реч.