Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 08

Ти можеш да му бидеш пријател на Јехова

Ти можеш да му бидеш пријател на Јехова

Јехова сака да го запознаеш подобро. Зошто? Тој се надева дека, колку повеќе учиш за неговите особини, за начинот на кој постапува со луѓето и за неговата намера, толку повеќе ќе расте твојата желба да бидеш негов пријател. (Прочитај Псалм 25:14.) Дали навистина е можно да бидеш пријател на Бог? Што можеш да правиш за да станеш негов пријател? Библијата дава одговор на овие прашања и ни открива зошто пријателството со Јехова е најважното пријателство што можеш да го имаш.

1. Дали Јехова сака да биде твој пријател?

„Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Што ни покажуваат овие зборови? Јехова сака да бидеш негов пријател. На некои можеби им е тешко да веруваат дека можат да бидат пријатели со Бог бидејќи не можат да го видат. Но, во неговата Реч, Библијата, Јехова ни открил сѐ што треба да знаеме за него како личност за да може да му се приближиме. Библијата е како едно писмо од Бог за нас луѓето. Затоа, кога ја читаме, нашето пријателство со Јехова уште повеќе се зајакнува, иако не можеме да го видиме.

2. Зошто Јехова е најдобриот пријател што можеш да го имаш?

Никој не те сака повеќе од Јехова. Тој сака да бидеш среќен и да му се обратиш во молитва секогаш кога ќе имаш потреба од помош. Можеш да ги фрлиш сите свои грижи на него, зашто тој се грижи за тебе (1. Петрово 5:7). Јехова е секогаш спремен да ги сослуша, да ги утеши и да им ја даде потребната поддршка на своите пријатели. (Прочитај Псалм 94:18, 19.)

3. Што очекува Јехова од своите пријатели?

Јехова ги сака сите луѓе, но „близок е со справедливите“ (Изреки 3:32). Од неговите пријатели, Јехова очекува да се трудат да го прават она што тој го смета за исправно, а да не го прават она што тој го смета за погрешно. Некои мислат дека тоа е претешко за нив. Но, Јехова е милостив. Тој го прифаќа за пријател секој што вистински го сака и се труди да ја врши неговата волја најдобро што може (Псалм 147:11; Дела 10:34, 35).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш нешто повеќе за тоа како можеш да станеш пријател на Јехова и зошто тој е најдобриот пријател што може да го имаш.

4. Авраам бил пријател на Јехова

Библискиот извештај за Авраам (или Аврам) покажува што значи да бидеме Божји пријатели. Прочитај 1. Мојсеева 12:1-4, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што побарал Јехова од Авраам?

  • Што му ветил Јехова?

  • Што направил Авраам?

5. Што очекува Јехова од своите пријатели

Обично, од своите пријатели имаме некои очекувања.

  • Што очекуваш ти од своите пријатели?

Прочитај 1. Јованово 5:3, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што очекува Јехова од своите пријатели?

За да му бидеме послушни на Јехова, можеби ќе треба да го смениме нашето однесување или некои наши карактерни црти. Прочитај Исаија 48:17, 18, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто Јехова очекува неговите пријатели да прават промени?

Добриот пријател ќе нѐ потсети на некои работи што можат да ни користат и да нѐ заштитат. Јехова го прави истото со своите пријатели

6. Што прави Јехова за своите пријатели

Јехова им помага на своите пријатели да се справат со проблемите. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како Јехова ѝ помогнал на Кристл да се бори со негативните мисли и чувства?

Прочитај Исаија 41:10, 13, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што им ветува Јехова на сите свои пријатели?

  • Дали Јехова може да биде добар пријател? Зошто мислиш така?

Блиските пријатели ти помагаат кога ти е потребно. Таков пријател е и Јехова

7. За да бидеме пријатели со Јехова неопходна е комуникација

Комуникацијата ги зајакнува пријателствата. Прочитај Псалм 86:6, 11, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како ние комуницираме со Јехова?

  • Како Јехова комуницира со нас?

Ние зборуваме со Јехова преку молитва, а тој ни зборува преку Библијата

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Не е можно да бидеме пријатели со Бог“.

  • Кој стих од Библијата би го употребил за да покажеш некому дека можеме да бидеме пријатели со Јехова?

ШТО НАУЧИ:

Јехова сака да бидеш негов пријател и тој ќе ти помогне да станеш близок со него.

Како би одговорил?

  • Како Јехова им помага на своите пријатели?

  • Зошто Јехова ги поттикнува своите пријатели да прават промени?

  • Дали Јехова очекува премногу од своите пријатели? Зошто мислиш така?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Како пријателството со Бог може да влијае врз твојот живот?

„Јехова — Бог што вреди да се познава“ (Стражарска кула од 15 февруари 2003)

Дознај како пријателството со Јехова ѝ помогнало на една жена да има многу подобар живот.

„Не сакав да умрам!“ (Стражарска кула бр. 1, 2017)

Дознај што велат некои тинејџери за нивното пријателство со Јехова.

Што значи да бидеш Божји пријател? (1:46)