Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 09

Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог

Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог

Дали некогаш си се нашол во некоја ситуација во која не си знаел како да постапиш и ти бил потребен совет? Дали те мачат некои прашања на кои немаш одговор? Дали ти е потребна утеха или некој на кого можеш да се потпреш? Дали би сакал Јехова да ти биде близок пријател? Во врска со сите овие работи, молитвата може да ти биде од голема помош. Но, како треба да се молиме? Дали Бог ги слуша сите молитви? Што треба да правиш за да бидеш сигурен дека тој ќе ги чуе твоите молитви? Да видиме.

1. Кому треба да се молиме и за што може да се молиме?

Исус поучувал дека треба да му се молиме само на нашиот небесен Татко. И тој самиот му се молел на Јехова. Тој рекол: „Молете се вака: ’Татко наш, кој си на небесата...‘“ (Матеј 6:9). Кога му се молиме на Јехова, си го зајакнуваме пријателството со него.

Во основа, може да се молиме за сѐ. Се разбира, за Бог да одговори на нашите молитви, тие мора да бидат во склад со неговата волја. „Што и да бараме во склад со [Божјата] волја, тој нѐ слуша“ (1. Јованово 5:14). Исус спомнал неколку работи за кои може да се молиме. (Прочитај Матеј 6:9-13.) Освен што ќе се молиме за нашите лични грижи, не треба да заборавиме да се молиме и за другите, како и да му благодариме на Бог за сето она што го прави за нас.

2. Како треба да се молиме?

Библијата нѐ поттикнува: „Излевајте го срцето пред [Бог]“ (Псалм 62:8). Значи, на Бог треба да му се молиме искрено и од срце. Може да се молиме на глас или во себе, во било кое време и на било кое место. Може да се молиме додека седиме, стоиме или клечиме на колена, но најважно е тоа да го правиме со почит.

3. Како одговара Бог на нашите молитви?

Тоа го прави на најразлични начини. Јехова ни ја дал неговата Реч, Библијата, и во неа често наоѓаме одговор на нашите прашања. Божјата Реч „му дава мудрост на неискусниот“ (Псалм 19:7; прочитај Јаков 1:5). Јехова може да ни даде внатрешен мир кога се соочуваме со проблеми. Освен тоа, тој може да ги поттикне луѓето што му служат да ни помогнат кога тоа ни е потребно.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како треба да се молиш за Бог да ги услиши твоите молитви, и како може молитвата да ти користи.

4. Што е потребно за Бог да ги услиши нашите молитви?

Од што зависи дали Бог ќе ги прифати нашите молитви? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Јехова сака да му се молиме. Прочитај Псалм 65:2, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што мислиш, дали Бог сака и ти да му се молиш? Зошто мислиш така?

Ако сакаме Бог да ги слуша нашите молитви, треба да се трудиме да живееме во склад со неговите мерила. Прочитај Михеј 3:4 и 1. Петрово 3:12, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Какви личности треба да бидеме за Јехова да ги слуша нашите молитви?

За време на војна, и двете завојувани страни се молат за победа. Дали е разумно да очекуваме дека Бог ќе ги услиши нивните молитви?

5. Треба да се молиме од срце

Некои мислат дека молитвите треба да ги учат напамет и да ги повторуваат од збор до збор. Но дали Бог сака да се молиме на тој начин? Прочитај Матеј 6:7, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што ќе ти помогне да не кажуваш „секогаш едно исто“ во своите молитви?

На пример, секој ден помисли на нешто убаво во твојот живот и потоа заблагодари му се на Јехова за тоа. Прави го тоа цела седмица и така ќе можеш да се молиш за седум различни работи без да повторуваш исти молитви.

Еден добар татко сака неговото дете да му каже како се чувствува. Слично на тоа, Јехова сака да му се молиме од срце

6. Молитвата е дар од Бог

Како може молитвата да ни даде сила, особено кога минуваме низ тежок период во животот? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Библијата ветува дека молитвата ќе ни помогне да имаме внатрешен мир. Прочитај Филипјаните 4:6, 7, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Иако нашите проблеми нема секогаш да се решат со молитва, како сепак таа ни помага?

  • За што би сакал ти да се молиш?

Дали си знаел?

Зборот „амин“ значи „така е“ или „така нека биде“. Уште од библиски времиња, на крајот од молитвата се кажува „амин“ (1. Летописи 16:36).

7. Најди време за молитва

Понекогаш сме толку зафатени што забораваме да се молиме. Колку му била важна молитвата на Исус? Прочитај Матеј 14:23 и Марко 1:35, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како Исус наоѓал време за молитва?

  • Кога ти би можел да се молиш?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Молитвата не ти ги решава проблемите, туку само ти помага да се чувствуваш подобро“.

  • Што би рекол ти?

ШТО НАУЧИ:

Кога му се молиме на Јехова од срце, стануваме поблиски со него, чувствуваме внатрешен мир и добиваме сила да го правиме она што му се допаѓа.

Како би одговорил?

  • Кому треба да се молиме?

  • Како треба да се молиме?

  • Како ни помага молитвата?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај го одговорот на некои прашања што луѓето обично ги поставуваат за молитвата.

„Седум важни работи за молитвата“ (Стражарска кула од 1 октомври 2010)

Дознај зошто е важно да се молиш и како да ги подобриш своите молитви.

„Зошто да се молам?“ (Статија на интернет)

Прочитај што вели Библијата за тоа кому треба да му се молиме.

„Треба ли да им се молам на светците?“ (Статија на интернет)

Слушни ја оваа песна и забележи дали е важно каде и кога се молиме.

Моли се секој ден (1:22)