Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 16

Што правел Исус додека бил на Земјата?

Што правел Исус додека бил на Земјата?

Многу луѓе си го замислуваат Исус како беспомошно бебе или како човек што умира во тешки маки. А некои сметаат дека тој бил само еден мудар пророк. Но, од Библијата може да дознаеме многу повеќе за него. Во оваа лекција ќе видиме некои од најважните работи што тој ги направил додека живеел на Земјата и како тоа може да ти користи.

1. Која била најважната задача на Исус?

Најважната задача на Исус била да ја објави „добрата вест за Божјето царство“. (Прочитај Лука 4:43.) Тој ја проповедал добрата вест дека Бог ќе воспостави Царство, односно влада која ќе ги реши сите проблеми на луѓето. a Исус неуморно ја објавувал оваа охрабрувачка порака три и пол години (Матеј 9:35).

2. Зошто Исус правел чуда?

Библијата вели дека Бог преку Исус направил голем број моќни дела, предзнаци и чудесни знаци (Дела 2:22). Со помош на Божјиот свет дух, Исус можел да ги контролира природните сили, да нахрани илјадници луѓе, да лекува болни, па дури и да воскреснува мртви (Матеј 8:23-27; 14:15-21; Марко 6:56; Лука 7:11-17). Чудата што тој ги правел биле јасен доказ дека бил испратен од Бог. Исто така, тие покажале дека Јехова има моќ да ги реши сите наши проблеми.

3. Што учиме од начинот на кој живеел Исус?

Исус му бил послушен на Јехова во секоја ситуација. (Прочитај Јован 8:29.) И покрај тоа што се соочувал со противење, Исус верно ја вршел волјата на својот Татко сѐ до својата смрт. Тој докажал дека е можно луѓето да му служат на Бог дури и кога се наоѓаат во тешки околности. Така ни оставил „пример во сѐ да [одиме] по неговите стапки“ (1. Петрово 2:21).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како Исус ја објавувал добрата вест, а ќе дознаеш и нешто повеќе за чудата што ги правел.

4. Исус ја објавувал добрата вест

Исус пропешачил илјадници километри по правливи патишта за да им ја објави добрата вест на колку што е можно повеќе луѓе. Прочитај Лука 8:1, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Дали Исус им проповедал само на луѓето кои доаѓале кај него да го слушаат?

  • Што правел Исус за да им проповеда на што е можно повеќе луѓе?

Бог прорекол дека Месијата ќе објавува добра вест. Прочитај Исаија 61:1, 2, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како Исус го исполнил ова пророштво?

  • Што мислиш, дали на луѓето денес им е потребно да ја слушнат добрата вест?

5. Исус давал мудри совети

Освен што ја проповедал добрата вест за Божјето Царство, Исус им давал мудри совети на луѓето. Да разгледаме неколку примери од познатата Проповед на гората што тој ја одржал. Прочитај Матеј 6:14, 34 и 7:12, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Според овие стихови, кои практични совети ги дал Исус?

  • Дали сметаш дека овие совети се корисни и за нас денес?

6. Исус правел чуда

Јехова му дал моќ на Исус да прави многу чуда. Да разгледаме еден пример за тоа. Прочитај Марко 5:25-34 или пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Во што била потполно уверена оваа жена?

  • Што ти остави впечаток во врска со ова чудо?

Прочитај Јован 5:36, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што потврдувале чудата кои ги правел Исус?

Дали си знаел?

Најголемиот дел од работите што ги знаеме за Исус се запишани во четирите евангелија — Матеј, Марко, Лука и Јован. Секој од писателите на овие библиски книги вклучил различни детали за Исус. Сите тие детали се надополнуваат на неверојатен начин и ни помагаат да добиеме поширока слика за животот на Исус.

  • МАТЕЈ

    Тој прв го напишал своето евангелие. Најголем акцент ставил на Исусовите учења, особено на она што Исус го кажувал за Божјето Царство.

  • МАРКО

    Неговото евангелие е најкратко, и настаните во него се опишани на многу жив и динамичен начин.

  • ЛУКА

    Ја истакнал важноста на молитвата и опишал колку добро Исус се однесувал кон жените.

  • ЈОВАН

    Запишал многу разговори што Исус ги имал со своите блиски пријатели и со други луѓе. Тоа ни помага подобро да го запознаеме Исус како личност.

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Исус е Семоќниот Бог“.

  • Што мислиш ти за тоа?

ШТО НАУЧИ:

Исус проповедал за Божјето Царство, правел чуда и му бил послушен на Јехова во секоја ситуација.

Како би одговорил?

  • Која била најважната задача што Исус ја извршувал додека бил на Земјата?

  • Што потврдиле чудата на Исус?

  • Кои мудри совети им ги дал Исус на луѓето?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Прочитај зошто може да бидеме уверени дека Исус навистина правел чуда.

„Чудата на Исус — што можеш да научиш?“ (Стражарска кула од 15 јули 2004)

Дознај како тоа што Исус бил самопожртвуван влијаело врз еден човек.

„Мислев дека светот се врти околу мене“ (Стражарска кула од 1 октомври 2014)

Види како по хронолошки редослед се одвивале најважните настани од службата на Исус.

„Најважните настани од Исусовиот живот на Земјата“ (Да ја истражуваме Божјата Реч, дел 4-Б)

a Во лекции 31-33 ќе разгледаме нешто повеќе за Божјето Царство.