Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 17

Какви особини има Исус?

Какви особини има Исус?

Колку повеќе учиме како Исус зборувал и постапувал додека бил на Земјата толку повеќе ги откриваме неговите убави особини. Тоа нѐ поттикнува да се зближиме и со него и со неговиот Татко, Јехова. Кои се некои од тие убави особини? И како можеме ние да го следиме примерот на Исус?

1. Во кој поглед Исус е како својот Татко?

Додека бил на небото, Исус милијарди години го набљудувал својот добар Татко и учел од него. Затоа тој размислува и постапува исто како него, а ги има и истите чувства. (Прочитај Јован 5:19.) Всушност, Исус е толку сличен на својот Татко што можел да каже: „Кој ме видел мене, го видел и Таткото“ (Јован 14:9). Додека откриваш какви особини има Исус, подобро ќе го запознаеш Јехова. На пример, начинот на кој Исус се грижел за луѓето покажува колку многу Јехова се грижи за тебе.

2. Како Исус покажал дека го сака Јехова?

Исус рекол: „Правам така како што ми заповеда Таткото, за да знае светот дека го сакам Таткото“ (Јован 14:31). Додека бил на Земјата, Исус покажал колку многу го сака својот Татко така што му бил послушен дури и кога тоа не му било лесно. Исто така, Исус сакал да им зборува на другите за својот Татко и да им помогне да станат пријатели со него (Јован 14:23).

3. Како Исус покажал дека ги сака луѓето?

Од Библијата дознаваме дека Исус им се радува на луѓето (Изреки 8:31). Својата љубов кон нив ја покажал така што ги охрабрувал и несебично им помагал. Од чудата што ги правел се гледало не само дека има моќ туку и дека е сочувствителен (Марко 1:40-42). Тој се однесувал љубезно и непристрасно со луѓето. Неговите зборови им влевале утеха и надеж на сите што имале искрено срце. Исус бил спремен да страда и да умре затоа што ги сака сите луѓе. Сепак, тој особено ги сака оние што се послушни на неговите учења. (Прочитај Јован 15:13, 14.)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш уште нешто за личноста на Исус. Освен тоа, ќе дознаеш како може да покажуваш љубов и дарежливост како што покажувал тој.

4. Исус го сака својот Татко

Од примерот на Исус учиме како да ја покажеме нашата љубов кон Бог. Прочитај Лука 6:12 и Јован 15:10; 17:26. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

  • По примерот на Исус, како може да покажеме дека го сакаме Јехова?

Исус го сакал својот небесен Татко и често му се молел

5. Исус сочувствува со луѓето

Исус ги ставал потребите на другите пред своите. Дури и кога бил уморен, тој ги користел своите сили и своето време за да им помага на луѓето. Прочитај Марко 6:30-44, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Според овој извештај, на кои начини Исус покажал грижа за луѓето? (Види ги стиховите 31, 34, 41 и 42.)

  • Што го поттикнувало Исус да им помага на луѓето? (Види го стих 34.)

  • Со оглед на тоа што Исус ја одразува личноста на својот Татко, што учиш ти од ова за Јехова?

  • По примерот на Исус, на кои начини би можеле да покажуваме грижа за другите?

6. Исус е дарежлив

Иако немал многу во материјален поглед, Исус бил дарежлив. Освен тоа, и нас нѐ поттикнал да бидеме дарежливи. Прочитај Дела 20:35, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Според она што го кажал Исус, што може да правиме за да бидеме среќни?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како можеме да бидеме дарежливи дури и ако немаме многу во материјален поглед?

Дали си знаел?

Од Библијата дознаваме дека треба да му се молиме на Јехова во името на Исус. (Прочитај Јован 16:23, 24.) Кога се молиме на таков начин, покажуваме благодарност за сето она што го направил Исус со цел да ни помогне да станеме пријатели со Јехова.

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Бог кренал раце од нас“.

  • Како од она што го правел Исус додека бил на Земјата се гледа дека Јехова се грижи за нас?

ШТО НАУЧИ:

Исус го сака Јехова, а ги сака и луѓето. Бидејќи Исус е како својот Татко, колку подобро го запознаваш него толку подобро ќе го запознаеш и Јехова.

Како би одговорил?

  • Исто како Исус, како можеме да покажеме дека го сакаме Јехова?

  • Исто како Исус, како можеме да покажеме дека ги сакаме луѓето?

  • Која особина на Исус најмногу ти се допаѓа?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Прочитај кои особини што ги имал Исус би можеле да ги покажуваме и ние.

„Биди како Исус...“ (Исус — патот, вистината и животот, страница 317)

Дознај зошто треба да се молиме во името на Исус.

„Зошто да се молиме во името на Исус?“ (Стражарска кула од 1 февруари 2008)

Дали Библијата ни открива нешто за изгледот на Исус?

„Како изгледал Исус?“ (Статија на интернет)

Што учиме од начинот на кој Исус се однесувал со жените?

„Бог ги почитува жените“ (Стражарска кула од 1 септември 2012)