Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 18

Како да препознаеш кои се вистински христијани?

Како да препознаеш кои се вистински христијани?

Милијарди луѓе се изјаснуваат како христијани. Но, сите тие немаат исти верувања ниту, пак, живеат според истите мерила. Тогаш, како да препознаеме кои се вистински христијани?

1. Што значи да се биде христијанин?

Христијаните се ученици, односно следбеници на Исус Христос. (Прочитај Дела 11:26.) По што може да се препознае дали некој е негов ученик? Исус рекол: „Ако останете во моите зборови, навистина сте мои ученици“ (Јован 8:31). Ова значи дека вистинските христијани мора да живеат според учењата на Исус. Тој ги темелел сите свои учења на Писмата, а и неговите вистински следбеници ги темелат своите верувања на Божјата Реч. (Прочитај Лука 24:27.)

2. Како вистинските христијани покажуваат дека ги сакаат другите?

Исус им рекол на своите следбеници: „Сакајте се еден со друг како што јас ве сакав вас“ (Јован 15:12). Како Исус покажал дека ги сака своите ученици? Тој поминувал време со нив, ги охрабрувал и им помагал. Дури и својот живот го дал за нив! (1. Јованово 3:16). Слично на него, вистинските христијани покажуваат дека ги сакаат другите не само со своите зборови туку и со своите постапки.

3. Која е најважната задача што ја извршуваат вистинските христијани?

Исус јасно им кажал на своите ученици што треба да прават. Тој ги испратил да проповедаат за Божјето Царство (Лука 9:2). Христијаните од првиот век не чекале некој да дојде на нивните состаноци за да му проповедаат. Тие ја објавувале добрата вест на јавни места и од куќа до куќа. (Прочитај Дела 5:42; 17:17.) И денес, вистинските христијани проповедаат секаде каде што има луѓе. Тие ги сакаат луѓето, и затоа со задоволство ги користат своите сили и своето време за да им ја пренесат добрата вест која може да им влее утеха и надеж (Марко 12:31).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе разгледаме по што се разликуваат вистинските христијани од луѓето кои не живеат според учењата и примерот на Исус.

4. Тие ги истражуваат библиските вистини

Христијаните од првиот век ја ценеле Божјата Реч

Некои велат дека се христијани, но не ја ценат вистината што се наоѓа во Библијата. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како некои цркви ги спречувале луѓето да дознаат за што поучувал Исус?

Исус поучувал за вистината од Божјата Реч. Прочитај Јован 18:37, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Според она што го кажал Исус, како може да ги препознаеме вистинските христијани, односно оние кои се „на страната на вистината“?

5. Тие ја проповедаат библиската вистина

Христијаните од првиот век им проповедале на другите

Пред да се вознесе на небото, Исус им дал една задача на своите следбеници која се извршува и денес. Прочитај Матеј 28:19, 20 и Дела 1:8, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Во колкав обем требало да се извршува проповедничкото дело?

6. Тие живеат според она што го проповедаат

Што го уверило еден човек по име Том дека ја пронашол вистинската религија? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Поради кои работи Том кренал раце од религијата?

  • Зошто е уверен дека успеал да ја пронајде вистината?

Делата зборуваат погласно од зборовите. Прочитај Матеј 7:21, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што му е поважно на Исус — она што го зборуваме или она што го правиме?

7. Тие се сакаат едни со други

Христијаните од првиот век си покажувале љубов еден на друг

Дали вистинските христијани навистина се спремни да си го ризикуваат животот за своите соверници? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Зошто Лојд бил спремен да го даде својот живот за брат Јохансон?

  • Што мислиш, дали постапил како вистински христијанин?

Прочитај Јован 13:34, 35, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како се однесуваат учениците на Исус, односно вистинските христијани, со луѓето од друга раса или нација?

  • Дали се однесуваат поинаку за време на војна?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Во име на религијата се прават ужасни работи — затоа не сакам да бидам дел од никоја религија“.

  • Со кој библиски стих би можел да покажеш дека вистинските христијани се поинакви?

ШТО НАУЧИ:

Вистинските христијани живеат според библиските учења, покажуваат самопожртвувана љубов и ја проповедаат библиската вистина.

Како би одговорил?

  • На што ги темелат вистинските христијани своите верувања?

  • По која особина се препознаваат вистинските христијани?

  • Која задача ја извршуваат вистинските христијани?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај повеќе за оние што даваат сѐ од себе за да живеат според учењата и примерот на Исус Христос.

Кои се Јеховините сведоци? (1:13)

Дознај како една поранешна калуѓерка ги пронашла луѓето кои ја ценат библиската вистина.

„На секое прашање ми одговорија со Библијата“ (Стражарска кула од 1 април 2014)

Види како вистинските христијани им покажуваат љубов на своите соверници кои се во неволја.

Помош во случај на катастрофа — извадок (3:57)

Прочитај какви биле христијаните од првиот век и кои луѓе денес го следат нивниот пример.

„По што се препознаваат вистинските христијани?“ (Стражарска кула од 1 март 2012)