Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 19

Дали Јеховините сведоци се вистински христијани?

Дали Јеховините сведоци се вистински христијани?

Ние, Јеховините сведоци, сметаме дека сме вистински христијани. Зошто? Да разгледаме три причини: темелот на нашите верувања, нашето име кое нѐ издвојува од сите други религии и љубовта што си ја покажуваме меѓу себе.

1. На што ги темелат Јеховините сведоци своите верувања?

Исус рекол: „[Божјата] реч е вистина” (Јован 17:17). Исто како Исус, Јеховините сведоци отсекогаш ги темелеле своите верувања на Божјата Реч. Размисли за современата историја на Јеховините сведоци. Кон крајот на 19 век, една група искрени луѓе почнале внимателно да ја истражуваат Библијата. Тие ги темелеле своите верувања на она што стоело во неа, дури и кога тоа било спротивно на црковните учења. Потоа, почнале да им кажуваат и на други за вистините што ги пронашле во Библијата. a

2. Зошто се нарекуваме Јеховини сведоци?

Јехова ги нарекува своите слуги сведоци затоа што тие сведочат, односно ја зборуваат вистината за него (Евреите 11:4 — 12:1). На пример, уште многу одамна Бог им рекол на своите слуги: „Вие сте мои сведоци“. (Прочитај Исаија 43:10.) Освен тоа, Исус е наречен „Верен сведок“ (Откровение 1:5). Затоа, во 1931 год. го усвоивме името Јеховини сведоци. За нас е голема чест да го носиме тоа име.

3. Како Јеховините сведоци покажуваат љубов по примерот на Исус?

Исус толку многу ги сакал своите ученици што ги сметал за свое семејство. (Прочитај Марко 3:35.) Слично на тоа, ние, Јеховините сведоци, сме едно обединето меѓународно семејство. Токму затоа се нарекуваме браќа и сестри (Филимон 1, 2). Освен тоа, послушни сме на заповедта: „Оној што го сака Бог, треба да го сака и својот брат“ (1. Јованово 4:21). Јеховините сведоци покажуваат таква љубов на многу начини. Еден начин е така што им помагаат на своите соверници низ целиот свет кога се во неволја.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш уште нешто за историјата на Јеховините сведоци, а ќе видиш и дополнителни докази кои потврдуваат дека тие се вистински христијани.

Вистинските христијани ги темелат своите верувања на Библијата и им зборуваат за нив на другите

4. Нашите верувања ги темелиме на Библијата

Јехова прорекол дека со текот на времето неговите слуги сѐ подобро ќе го разбираат она што стои во Библијата. Прочитај Даниел 12:4, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што требало да се „умножи“ додека Божјиот народ ја истражувал Библијата?

Да видиме како една група истражувачи на Библијата, меѓу кои бил и Чарлс Расел, ја проучувале Божјата Реч. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • На кој начин Чарлс Расел и другите што биле со него ја проучувале Библијата?

Дали си знаел?

Понекогаш има потреба да направиме промена во некои од нашите верувања. Зошто? Исто како што светлината од изгрејсонцето постепено ни открива сѐ повеќе детали за околината, така и Бог постепено ни ги открива библиските вистини. (Прочитај Изреки 4:18.) Библијата не се менува, но кога некои работи подобро ќе ги разбереме, ја правиме потребната промена.

5. Живееме во склад со името што го носиме

Зошто се нарекуваме Јеховини сведоци? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Зошто е соодветно тоа што го носиме името Јеховини сведоци?

Зошто Јехова одлучил да има свои сведоци? Бидејќи сакал тие да им кажуваат на другите дека тој е вистинскиот Бог и да ги побијат многуте лаги што биле кажани за него. Да разгледаме две такви лаги.

Некои религии поучуваат дека Бог сака да користиме икони и кипови кога го обожаваме. Но, што вели Библијата? Прочитај 3. Мојсеева 26:1, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Дали е вистина дека Јехова сака да користиме икони и кипови кога го обожаваме? Што мисли тој за идолите?

Некои верски водачи поучуваат дека Исус е Бог. Но, што вели Библијата? Прочитај Јован 20:17, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Дали е вистина дека Исус е Бог? Дали тие двајца се една иста личност?

  • Јехова сака да бидеме негови сведоци, односно да им ја објавуваме на другите вистината за него и за неговиот Син. Како се чувствуваш поради тоа? Дали и ти би сакал да сведочиш за Јехова?

6. Ние се сакаме едни со други

Библијата ги споредува христијаните со делови на човечкото тело. Прочитај 1. Коринќаните 12:25, 26, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како треба да постапат вистинските христијани кога нивните соверници се во неволја?

  • Дали си забележал како Јеховините сведоци си покажуваат меѓусебна љубов?

Кога во некое место Јеховините сведоци се погодени од некоја неволја, браќата и сестрите од целиот свет веднаш прават сѐ што можат за да им помогнат. Да видиме еден пример за тоа. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како помошта што Јеховините сведоци ја пружаат при катастрофи покажува дека меѓу нив владее љубов?

Вистинските христијани им покажуваат љубов на оние што се во неволја

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Јеховините сведоци се нова вера“.

  • Уште од кога Јехова ги нарекува своите слуги сведоци?

ШТО НАУЧИ:

Јеховините сведоци се вистински христијани. Ние сме обединето меѓународно семејство во кое владее љубов. Своите верувања ги темелиме на Библијата и ја објавуваме вистината за Јехова.

Како би одговорил?

  • Зошто се нарекуваме Јеховини сведоци?

  • Како постапуваме едни со други?

  • Дали сметаш дека Јеховините сведоци се вистински христијани?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Види како Јеховините сведоци разоткриле едно лажно учење.

Божјиот народ го слави Јеховиното име (7:08)

Дознај го одговорот на некои прашања што можеби ги имаш во врска со Јеховините сведоци.

„Најчесто поставувани прашања во врска со Јеховините сведоци“ (Рубрика на интернет)

Стивен бил насилен и ги мразел луѓето од друга раса. Прочитај што го поттикнало да се промени откако ги запознал Јеховините сведоци.

„Животот ми стануваше сѐ полош“ (Стражарска кула од 1 јули 2015)

a Уште од 1879 год., Јеховиниот народ го издава списанието Стражарска кула со цел да ја шири библиската вистина.