Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 24

Која е вистината за ангелите?

Која е вистината за ангелите?

Јехова сака да го запознаеме неговото семејство на небото. Во тоа семејство спаѓаат ангелите, кои се наречени „Божји синови“ (Јов 38:7). Што ни открива Библијата за ангелите? Какво влијание имаат тие врз луѓето? И дали сите ангели се дел од Божјето семејство?

1. Кои се ангелите?

Јехова ги создал ангелите уште пред да ја создаде Земјата. Исто како него, и тие се невидливи духовни суштества кои живеат на небото (Евреите 1:14). Постојат милиони ангели, и сите тие се разликуваат како личности (Откровение 5:11). Тие ја извршуваат Јеховината реч и ги слушаат неговите заповеди (Псалм 103:20). Во библиски времиња, Јехова понекогаш испраќал ангели за да пренесат некоја порака или за да му помогнат на неговиот народ и да го избават од неволја. Денес, ангелите им помагаат на христијаните во проповедничкото дело за да ги најдат луѓето кои сакаат да учат за Бог.

2. Кои се Сатана и демоните?

Некои ангели не му останале верни на Јехова. Првиот ангел кој се побунил „се вика Ѓавол и Сатана“, и тој „го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9) Сатана сакал да владее над други, па затоа ги навел првите луѓе, а подоцна дури и некои ангели да му се придружат во побуната. Ангелите што се побуниле се наречени демони. Тие биле исфрлени од небото на Земјата, а во иднина ќе бидат уништени. (Прочитај Откровение 12:9, 12.)

3. Како Сатана и демоните се обидуваат да нѐ заведат?

Сатана и демоните ги заведуваат луѓето преку спиритизам и други облици на окултизам, како што се: астрологија, гатање, магија, толкување сонови, читање хороскоп и друго. Освен тоа, некои луѓе прифаќаат начини на лекување кои се поврзани со окултизам. Други, пак, се обидуваат да стапат во контакт со мртвите, што всушност е спиритизам. Но, Јехова нѐ предупредува: „Не обраќајте им се на оние што повикуваат духови и не прашувајте ги за совет оние што претскажуваат настани“ (3. Мојсеева 19:31). Тој ни го дал ова предупредување за да нѐ заштити од Сатана и демоните. Тие му се непријатели на Бог и сакаат да ни наштетат.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш какви добри работи прават ангелите, кои се опасностите од окултизмот и како може да се заштитиме од Сатана и демоните.

4. Ангелите им помагаат на луѓето да го запознаат Јехова

Божјите ангели не им проповедаат на луѓето директно. Наместо тоа, тие ги водат Божјите слуги до оние лица кои сакаат да го запознаат Бог. Прочитај Откровение 14:6, 7, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Зошто ни е потребна помош од ангелите додека проповедаме?

  • Дали ти звучи охрабрувачки тоа што знаеш дека ангелите можат да нѐ одведат до луѓе на кои им е потребна библиската вистина? Зошто?

5. Чувај се од спиритизам и од сите други облици на окултизам

Сатана и демоните му се непријатели на Јехова. Но, тие се и наши непријатели. Прочитај Лука 9:38-42, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како се однесуваат демоните со луѓето?

Ние не сакаме да им дозволиме на демоните да влијаат врз нас. Прочитај 5. Мојсеева 18:10-12, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • На кои начини демоните се обидуваат да влијаат врз луѓето и да комуницираат со нив? Кои работи поврзани со окултизам се вообичаени во местото каде што живееш ти?

  • Дали сметаш дека е разумно тоа што Јехова забранува да правиме работи поврзани со окултизам? Зошто?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Што мислиш, дали беше опасно тоа што ќеркичката на Палеса имаше амајлија на раката? Зошто?

  • Што требаше да направи Палеса за да се заштити од демоните?

Вистинските христијани отсекогаш им се спротивставувале на демоните. Прочитај Дела 19:19 и 1. Коринќаните 10:21, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Ако имаш некои работи кои се поврзани со окултизам, зошто е многу важно да ги уништиш?

6. Извојувај победа над Сатана и демоните

Демоните се под власта над Сатана. Но, со верните ангели заповеда архангелот Михаел, односно воскреснатиот Исус. Колку е моќен Михаел? Прочитај Откровение 12:7-9, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Кој е помоќен — Михаел со неговите ангели или Сатана со неговите демони?

  • Што мислиш, дали следбениците на Исус треба да се плашат од Сатана и демоните?

Ти можеш да извојуваш победа над Сатана и демоните. Прочитај Јаков 4:7, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како можеш да се заштитиш од Сатана и демоните?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Нема ништо погрешно во тоа да играш игри или да гледаш филмови поврзани со окултизам. Тоа е само забава“.

  • Зошто таквиот став е опасен?

ШТО НАУЧИ:

Верните ангели ни помагаат. Сатана и демоните му се непријатели на Јехова и ги заведуваат луѓето преку окултизам.

Како би одговорил?

  • Како ангелите им помагаат на луѓето да го запознаат Јехова?

  • Кои се Сатана и демоните?

  • Зошто сакаш да се држиш подалеку од работи поврзани со окултизам?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Разгледај ги доказите кои покажуваат дека Исус е архангелот Михаел.

„Кој е архангелот Михаел?“ (Статија на интернет)

Прочитај од каде знаеме дека Ѓаволот не е злото во луѓето, туку дека е вистинска личност.

„Дали навистина постои Ѓавол?“ (Статија на интернет)

Прочитај како една жена се ослободила од влијанието на демоните.

„Таа ја пронашла смислата на животот“ (Стражарска кула од 1 јули 1993)