Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 33

Што ќе постигне Божјето Царство?

Што ќе постигне Божјето Царство?

Божјето Царство веќе е воспоставено на небото и наскоро ќе направи големи промени на Земјата. Да разгледаме некои убави работи кои можеш да ги доживееш и ти под власта на Царството.

1. Како Божјето Царство ќе воспостави мир и правда на Земјата?

Исус, Царот на Божјето Царство, ќе ги уништи злобните луѓе и човечките влади во војната Армагедон (Откровение 16:14, 16). Тогаш во потполност ќе се исполни следново ветување од Библијата: „Уште малку, и злиот ќе го снема“ (Псалм 37:10). Под власта на Исус, Царството ќе воспостави мир и правда по целата Земја. (Прочитај Исаија 11:4.)

2. Каков ќе биде животот кога Божјата волја ќе се врши на Земјата?

Под власта на Божјето Царство „праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29). Замисли си колку ќе биде убав животот тогаш! Сите луѓе ќе бидат праведни, ќе го сакаат Јехова и ќе се сакаат еден со друг. Исто така, никој нема да биде болен и сите ќе живеат вечно.

3. Што ќе постигне Божјето Царство откако злобните ќе бидат уништени?

Откако злобните ќе бидат уништени, Исус ќе владее како Цар 1.000 години. Во текот на тој период, Исус и 144-те илјади кои ќе владеат со него ќе им помогнат на луѓето да станат совршени. На крајот од тие 1.000 години, целата Земја ќе биде претворена во прекрасен рај и сите луѓе ќе бидат среќни затоа што се послушни на Јеховините закони. Тогаш Исус ќе му го предаде Царството на својот Татко, Јехова. Во тоа време, во потполност ќе се исполнат зборовите од молитвата Оченаш: „Да се свети името твое“ (Матеј 6:9, 10). Јеховиното име конечно ќе биде посветено! Ќе биде сосема јасно дека Јехова е добар Владетел кој се грижи за оние што му служат. Јехова тогаш ќе ги уништи Сатана, демоните и сите оние што ќе одлучат да се побунат против Неговото владеење (Откровение 20:7-10). Благословите кои Божјето Царство ќе ги излее врз луѓето ќе траат засекогаш.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе видиш зошто може да имаме доверба дека Бог преку своето Царство ќе ги исполни сите ветувања за иднината кои се запишани во Библијата.

4. Божјето Царство ќе му стави крај на човечкото владеење

„Човек владее над човек на негова штета“ (Проповедник 8:9). Но Јехова, преку своето Царство, ќе ја поправи сета штета која била предизвикана поради човечкото владеење.

Прочитај Даниел 2:44 и 2. Солуњаните 1:6-8, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што ќе направат Јехова и неговиот Син, Исус, со човечките влади и со оние што ги поддржуваат?

  • Дали она што го научи за Јехова и за Исус те уверува дека тие ќе постапат потполно праведно? Зошто мислиш така?

5. Исус е најдобриот Цар

Како Цар на Божјето Царство, Исус ќе направи прекрасни работи за луѓето. За да видиш како тој покажал дека сака да им помага на луѓето и дека може да го прави тоа благодарение на моќта што ја добил од Бог, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Она што Исус го правел додека бил на Земјата ни дава увид во она што ќе го постигне Царството во иднина. Кои од следниве благослови едвај чекаш да се исполнат? Прочитај ги наведените стихови во кои се зборува за овие благослови.

КОГА БИЛ НА ЗЕМЈАТА, ИСУС...

КАКО НЕБЕСЕН ЦАР, ИСУС...

  • покажал дека има моќ над природните сили (Марко 4:36-41).

  • ќе ја поправи сета штета што ѝ била нанесена на Земјата (Исаија 35:1, 2).

  • ќе се погрижи сите луѓе да имаат совршено здравје (Исаија 33:24).

6. Прекрасен живот под власта на Божјето Царство

Преку Царството, Јехова ќе ја оствари својата првобитна намера со луѓето. Тие ќе живеат засекогаш во рај на Земјата. За да видиш како Јехова преку својот Син, Исус, ќе ја исполни својата намера, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Псалм 145:16, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како се чувствуваш поради тоа што знаеш дека Јехова ќе ја задоволи „желбата на сѐ што е живо“?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Со заеднички сили, луѓето можат да ги решат проблемите во светот“.

  • Кои проблеми може да ги реши само Божјето Царство?

ШТО НАУЧИ:

Преку Царството, Јехова ќе ја оствари својата намера. Целата Земја ќе стане рај, а на неа ќе живеат само добри луѓе кои засекогаш ќе го обожаваат својот Творец.

Како би одговорил?

  • Како преку Божјето Царство ќе се посвети Јеховиното име?

  • Зошто може да бидеме сигурни дека преку Божјето Царство ќе се исполнат библиските ветувања?

  • Кои благослови што ќе ги излее Божјето Царство едвај чекаш да ги доживееш?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај што точно е Армагедон.

„Што е Армагедон?“ (Статија на интернет)

Прочитај што ќе се случува во текот и на крајот на илјадагодишното владеење на Исус.

„Што ќе се случи во Судниот ден?“ (Стражарска кула од 1 септември 2012)

Погледни како едно семејство си го замислува животот во рајот на Земјата.

Замисли се себеси во рајот (1:50)

Прочитај ја животната приказна со наслов „Ме мачеа многу прашања“ и дознај како еден политички активист ги пронашол одговорите по кои долго време трагал.

„Библијата менува животи“ (Стражарска кула од 1 јануари 2012)