Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 39

Божјето гледиште за крвта

Божјето гледиште за крвта

Крвта е неопходна за живот. Како наш Творец, Бог има право да каже како таа треба да се користи. Што рекол тој во врска со крвта? Дали смее да се јаде или да се прима трансфузија? И, како може да носиме добри одлуки кога станува збор за употребата на крв?

1. Како гледа Јехова на крвта?

Уште многу одамна, Јехова им кажал на своите слуги: „Душата [односно животот] на секое тело е неговата крв“ (3. Мојсеева 17:14). За Јехова, крвта го претставува животот. Таа е света бидејќи и животот, кој ни е дар од Бог, е свет.

2. Што вели Божјиот закон за употребата на крв?

Кратко по Потопот, Јехова им заповедал на своите слуги да не јадат крв, а истата таа заповед му ја дал и на израелскиот народ. (Прочитај 1. Мојсеева 9:4 и 3. Мојсеева 17:10.) Со векови подоцна, кога било основано христијанското собрание, Јехова потврдил дека таа заповед и понатаму важи. Всушност, водечкото тело од првиот век им дало упатство на христијаните да се воздржуваат од крв. (Прочитај Дела 15:28, 29.)

Што значи да се воздржуваме од крв? На пример, ако лекарот ти каже да се воздржуваш од алкохол, тоа значи дека не треба да пиеш алкохол. Но, дали ќе јадеш храна која содржи алкохол или ќе го внесуваш во телото преку инфузија? Секако дека не. Слично на тоа, Божјата заповед да се воздржуваме од крв значи дека не треба да пиеме крв ниту да јадеме месо од кое не е истечена крвта. Исто така, не смееме да јадеме никаква храна во која има додадено крв.

А што е со употребата на крв во медицински цели? Со некои медицински постапки е очигледно дека се крши Божјиот закон. Меѓу нив спаѓаат трансфузија на полна крв и трансфузија на некоја од нејзините главни состојки — црвени крвни зрнца, бели крвни зрнца, крвни плочки и крвна плазма. Но, со други медицински постапки не е толку јасно дали се крши Божјиот закон. На пример, во некои постапки се користат фракции од некоја од главните состојки на крвта. Во други постапки може да биде вклучена крвта на самиот пациент. Во вакви ситуации, секој од нас мора добро да размисли и да донесе своја лична одлука a (Галатите 6:5).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како да носиш добри одлуки кога станува збор за употребата на крв при лекување.

3. Избери лекување кое е во склад со Јеховината волја

Кога станува збор за лекување, како можеш да носиш одлуки кои се во склад со Јеховините мерила? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте зошто е важно да се преземат следниве чекори:

  • Моли се за мудрост (Јаков 1:5).

  • Истражувај кои библиски начела се однесуваат на твојата ситуација (Изреки 13:16).

  • Дознај кои медицински постапки се достапни во местото каде што живееш.

  • Утврди кои опции не се прифатливи за тебе.

  • Донеси одлука која нема да ти ја вознемири совеста (Дела 24:16). b

  • Имај на ум дека, кога станува збор за одлуки кои се прашање на совест, никој не може да одлучи наместо тебе — ниту твојот сопружник, ниту некој старешина, ниту оној што ја проучува Библијата со тебе (Римјаните 14:12).

  • Запиши си го она што си го одлучил за да ти се најде во итен случај.

4. Јеховините сведоци сакаат квалитетна медицинска нега

Можно е да се држиме за Божјиот закон за крвта и во исто време да добиеме квалитетно бескрвно лекување. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Тит 3:2, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто треба да се однесуваме љубезно и со почит кога зборуваме со лекарите?

Неприфатливо

Лична одлука

А. Крвна плазма 

Фракции од плазма

Б. Бели крвни зрнца 

Фракции од бели крвни зрнца

В. Крвни плочки 

Фракции од крвни плочки

Г. Црвени крвни зрнца 

Фракции од црвени крвни зрнца

 5. Крвни фракции

Крвта е составена од четири главни состојки: црвени крвни зрнца, бели крвни зрнца, крвни плочки и плазма. Тие можат да се разложат на повеќе помали делови кои се наречени крвни фракции. c Одредени фракции се составен дел од лекови кои се користат против некои болести или кои помагаат да се запре крвавењето.

Кога станува збор за крвни фракции, секој христијанин мора да донесе лична одлука на темел на својата совест која ја обликувал во склад со библиските начела. Поради својата совест, некои можеби ќе одбијат лекување или медицински постапки во кои се вклучени крвни фракции, а други можеби ќе прифатат.

Пред да донесеш одлука, прашај се:

  • Како јас би му објаснил на еден доктор зошто одбивам или прифаќам одредени крвни фракции?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто одбивате трансфузија на крв? Крвта спасува живот“.

  • Како би одговорил на тоа?

ШТО НАУЧИ:

Јехова сака да се држиме за неговиот закон во врска со крвта.

Како би одговорил?

  • Зошто крвта е света во Јеховини очи?

  • Од каде знаеме дека Божјата заповед да се воздржуваме од крв важи и за трансфузија на крв?

  • Што може да ти помогне да носиш добри одлуки кога станува збор за употребата на крв при лекување?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Кои работи треба да ги земеш предвид пред да донесеш одлука во врска со некоја медицинска постапка во која е вклучена твојата крв?

„Прашања од читателите“ (Стражарска кула од 15 октомври 2000)

За што треба да размислиш пред да донесеш одлука во врска со крвните фракции?

„Прашања од читателите“ (Стражарска кула од 15 јуни 2004)

Зошто еден лекар заклучил дека Јеховиното гледиште за крвта е разумно?

„Го прифатив Божјето гледиште за крвта“ (Разбудете се! од 8 март 2004)

Дознај како старешините кои служат во Одборот за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци им помагаат на своите соверници.

Јехова се грижи за болните (10:23)

a Види ја лекција 35, „Како може да носиме добри одлуки?“

b Види ја  точка 5, „Крвни фракции“ и Белешка 3, „Медицински постапки во кои е вклучена крв“.

c Некои лекари ги сметаат четирите главни состојки за фракции. Затоа, можеби ќе треба да му објасниш на твојот лекар дека не прифаќаш трансфузија на полна крв, бели крвни зрнца, црвени крвни зрнца, крвни плочки и на крвна плазма.