Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 40

Како може да бидеме чисти во Божји очи?

Како може да бидеме чисти во Божји очи?

Замисли си како една мајка со љубов го спрема своето синче за на училиште. Проверува дали се измило и дали облеката му е чиста и уредна. Таа знае дека чистотата е важна за неговото здравје. Исто така, тоа што детето е чисто остава убава слика за родителите. Слично на тоа, нашиот грижлив Татко, Јехова, сака да бидеме чисти и во физички и во морален поглед. Тоа што водиме сметка да бидеме чисти ни користи нам лично, а му носи и слава на Јехова.

1. Како да внимаваме на хигиената и да одржуваме чистота?

Јехова ни вели: „Бидете свети“ (1. Петрово 1:16). За да бидеме свети, треба да бидеме чисти во физички и во морален поглед. Може да одржуваме физичка чистота, односно хигиена, така што редовно ќе се капеме и ќе водиме сметка нашата облека, дом и возило секогаш да бидат чисти и уредни. Исто така, може да помагаме во чистењето на нашата сала за состаноци. Со тоа што внимаваме на хигиената и одржуваме чистота, му носиме слава на Јехова (2. Коринќаните 6:3, 4).

2. Што треба да избегнуваме за да бидеме чисти?

Библијата нѐ поттикнува „да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот“ (2. Коринќаните 7:1). Ова значи дека треба да избегнуваме сѐ што би можело да му наштети на нашето тело или на нашиот ум. Нашите мисли треба да му бидат пријатни на Јехова и затоа даваме сѐ од себе за да ги отфрлиме неисправните мисли (Псалм 104:34). Исто така, внимаваме да не користиме погрдни и непристојни зборови. (Прочитај Колошаните 3:8.)

Што друго може да нѐ извалка во физички или во морален поглед? Некои супстанции можат да му наштетат на нашето тело. Затоа не пушиме, не се дрогираме и не злоупотребуваме лекови. Така си го чуваме здравјето и покажуваме дека го цениме животот. Освен тоа, се трудиме да бидеме чисти во морален поглед така што се бориме против нечистите навики, како што се мастурбација и гледање порнографија (Псалм 119:37; Ефешаните 5:5). Може да ни биде тешко да престанеме со тие навики, но Јехова ќе ни помогне да успееме. (Прочитај Исаија 41:13.)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш зошто може да се каже дека му носиме слава на Јехова со тоа што внимаваме на хигиената и како може да се избориме со нечистите навики.

3. Кога внимаваме на хигиената, му носиме слава на Јехова

Од заповедите што Јехова им ги дал на древните Израелци, може да сфатиме како гледа тој на чистотата. Прочитај 2. Мојсеева 19:10 и 30:17-19, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Според овие зборови, како гледа Јехова на чистотата?

  • Кои добри навики можат да ти помогнат да одржуваш хигиена?

За да одржуваме хигиена, потребни се време и труд. Но, тоа може да го правиме сеедно каде живееме и каква е нашата финансиска состојба. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како ќе влијае врз луѓето на кои им проповедаме тоа што ќе водиме сметка работите што ги поседуваме да бидат чисти и уредни?

4. Победи ги лошите навики

Јехова може да ни помогне да се избориме со секоја лоша навика

Ако пушиш или користиш дрога, тогаш знаеш колку е тешко да престанеш да го правиш тоа. Што може да ти помогне? Размисли како таа навика влијае врз твојот живот. Прочитај Матеј 22:37-39, а потоа разговарајте како пушењето и користењето дрога влијаат врз...

  • нашето пријателство со Јехова.

  • нашето семејство и другите околу нас.

Направи си план како да прекинеш со лошата навика. a Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Филипјаните 4:13, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како можат добрите духовни навики — молитвата, проучувањето и состаноците — да ни дадат сила да победиме некоја лоша навика?

5. Бори се против нечистите мисли и навики

Прочитај Колошаните 3:5, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како знаеме дека порнографијата, секстингот b и мастурбацијата се нечисти во Јеховини очи?

  • Дали сметаш дека е разумно тоа што Јехова очекува од нас да бидеме морално чисти? Зошто?

Дознај како можеш да се бориш против нечистите мисли. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Исус кажал една споредба за да истакне колку е важно да преземаме одлучни чекори за да останеме морално чисти. Прочитај Матеј 5:29, 30, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Исус не сакал да каже дека треба да си го повредиме телото, туку дека треба одлучно да преземеме нешто. Кои одлучни чекори може да ги преземе некој за да ги отфрли нечистите мисли? c

Јехова многу цени доколку даваш сѐ од себе за да ги победиш нечистите мисли. Прочитај Псалм 103:13, 14, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Ако се бориш со некоја нечиста навика, како овие стихови можат да те охрабрат да продолжиш да се бориш?

Не се откажувај!

Кога ќе потклекнеш на искушението, лесно би можел да си помислиш: „Пак згрешив! Зошто воопшто се трудам?“ Но, размисли за следново. Ако некој тркач се спрепне и падне, тоа не значи дека ја изгубил трката, ниту дека треба да почне да трча од почеток. На сличен начин, ако потклекнеш на искушението, тоа не значи дека си ја изгубил битката со лошата навика, ниту дека сиот твој труд паднал во вода. Нормално е да има подеми и падови — тие се составен дел од секоја битка. Затоа, не се откажувај! Со Јеховина помош можеш да ја победиш лошата навика.

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Немам сила да прекинам — тоа е посилно од мене“.

  • Со кој стих би можел да му објасниш на едно такво лице дека Јехова може да му помогне да се избори со лошата навика?

ШТО НАУЧИ:

Ако се трудиме нашето тело, ум и постапки да бидат чисти, ќе го радуваме Јехова.

Како би одговорил?

  • Зошто е многу важно да бидеме чисти?

  • Како можеш да внимаваш на хигиената?

  • Што можеш да правиш за твоите мисли и постапки да бидат чисти?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

На кои едноставни начини можеш да одржуваш хигиена дури и ако си сиромашен?

Здравје и хигиена — миење раце (3:01)

Дознај кои практични работи можат да ти помогнат да престанеш со пушењето.

„Како да ги оставиш цигарите“ (Разбудете се! од мај 2010)

Прочитај зошто е опасно да се гледа порнографија.

„Порнографијата — безопасна или отровна?“ (Стражарска кула од 1 август 2013)

Дознај што му помогнало на еден човек да престане да гледа порнографија.

„Успеав после многу падови“ (Стражарска кула бр. 4, 2016)

a Во статијата „Како да ги оставиш цигарите“, која е наведена во оваа лекција во делот Истражувај, ќе најдеш практични совети кои можат да ти помогнат да ја победиш оваа зависност.

b Секстинг е испраќање електронски пораки со текст, слики или видеоклипови со сексуално провокативна содржина.

c Корисни совети можеш да најдеш во поглавје 25, „Како да престанам со мастурбирање?“, во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори том 1.