Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 43

Како треба христијаните да гледаат на алкохолот?

Како треба христијаните да гледаат на алкохолот?

Луѓето низ целиот свет имаат различни гледишта за алкохолот. Некои уживаат одвреме-навреме да се напијат малку алкохол заедно со пријателите. Други одлучиле воопшто да не пијат. А некои пијат до тој степен што се опиваат. Што вели Библијата за алкохолот?

1. Дали е погрешно да се пие алкохол?

Библијата не го забранува пиењето алкохол. Напротив, меѓу многуте дарови што Бог ни ги дал, Божјата Реч го спомнува и виното, за кое вели дека „го весели срцето“ на човекот (Псалм 104:14, 15). Некои верни мажи и жени спомнати во Библијата пиеле алкохол (1. Тимотеј 5:23).

2. Каков совет им дава Библијата на оние што пијат алкохол?

Јехова го осудува неумереното пиење алкохол и опивањето (Галатите 5:21). Во неговата Реч пишува: „Не биди меѓу оние што се опиваат со вино“ (Изреки 23:20). Затоа, ако пиеме алкохол — сеедно дали тоа го правиме сами или во друштво — не треба да пиеме толку многу што ќе ни се наруши способноста јасно да размислуваме, ќе изгубиме контрола над нашите зборови и постапки или ќе си наштетиме на здравјето. Но, ако не можеме да се контролираме колку пиеме, тогаш најдобро е воопшто да не конзумираме алкохол.

3. Како да покажеме почит кон одлуките на другите во врска со алкохолот?

Секој сам треба да одлучи дали ќе пие алкохол или не. Ако некој одлучил умерено да пие, ние не треба да го осудуваме. А ако некој не сака да пие, не треба да му вршиме никаков притисок (Римјаните 14:10). Освен тоа, нема да пиеме алкохол ако сме во ситуација кога тоа на некого би му сметало. (Прочитај Римјаните 14:21.) Ние не ја бараме „својата корист, туку користа на другиот“. (Прочитај 1. Коринќаните 10:23, 24.)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе разгледаме некои библиски начела што ќе ти помогнат да одлучиш дали и колку да пиеш алкохол. Исто така, ќе дознаеш што можеш да правиш ако имаш проблем со алкохолот.

4. Одлучи дали ќе пиеш алкохол

Какво гледиште имал Исус за пиењето алкохол? За да го дознаеш одговорот, размисли за првото чудо што го направил. Прочитај Јован 2:1-11, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Според овој извештај, како гледал Исус на алкохолот и на оние што пиеле?

  • Со оглед на тоа што Исус не го осудил пиењето алкохол, како треба еден христијанин да гледа на оние што конзумираат алкохол?

Сепак, тоа што на христијаните не им е забрането да пијат алкохол не значи дека е мудро да го прават тоа во секоја ситуација. Прочитај Изреки 22:3, а потоа разговарајте за тоа како ова начело може да ти помогне да одлучиш дали да пиеш во следниве ситуации:

  • Треба да возиш или да управуваш со некоја машина.

  • Бремена си.

  • Лекарот ти рекол да не пиеш алкохол.

  • Тешко ти е да се контролираш колку пиеш.

  • Законот во државата не ти дозволува да конзумираш алкохол.

  • Во друштво си на некој што решил воопшто да не пие бидејќи во минатото имал проблем со алкохолот.

Ако правиш свадба или организираш некое дружење, дали треба да служиш алкохол? Што може да ти помогне во таа одлука? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Римјаните 13:13 и 1. Коринќаните 10:31, 32. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

  • Како ова начело може да ти помогне да донесеш одлука со која ќе го радуваш Јехова?

Секој христијанин треба самиот да одлучи дали ќе пие алкохол или не. Сепак, оние што одлучиле да пијат треба да имаат на ум дека во некои ситуации тоа не би било мудро

5. Одлучи колку ќе пиеш

Ако одлучиш да пиеш алкохол, имај го ова на ум: Јехова не го осудува пиењето алкохол, но го осудува опивањето. Зошто? Прочитај Осија 4:11, 18, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што може да се случи ако некој испие премногу?

Што може да ни помогне да не пиеме премногу? Треба да бидеме скромни, односно свесни за своите граници. Прочитај Изреки 11:2, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Кога станува збор за пиењето алкохол, зошто е добро однапред да си одредиш која количина нема да ја надминеш?

6. Како може некој да го надмине проблемот со алкохолот

Дознај што му помогнало на еден човек да се избори со зависноста од алкохол. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Како влијаеше алкохолот врз Дмитриј?

  • Дали тој успеа да прекине со пиењето при првиот обид?

  • Како тој најпосле успеа да се избори со оваа зависност?

Прочитај 1. Коринќаните 6:10, 11, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Колку е сериозно опивањето?

  • Што ни покажува дека некој што се опива може да се смени?

Прочитај Матеј 5:30, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Кога рекол дека треба да си ја отсечеме раката, Исус сакал да каже дека треба да се одречеме од нешто за да му угодиме на Јехова. Што би можел да направиш ти ако имаш проблем со алкохолот? a

Прочитај 1. Коринќаните 15:33, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како би можело да влијае врз тебе ако имаш пријатели кои претеруваат со алкохол?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Дали е погрешно да се пие алкохол?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Од Библијата дознаваме дека алкохолот е дар од Јехова. Но, треба да имаме на ум дека тој не го одобрува неумереното пиење и опивањето.

Како би одговорил?

  • Што вели Библијата за алкохолот?

  • Кои се опасностите од неумереното пиење?

  • Како може да покажеме почит кон одлуките на другите во врска со пиењето алкохол?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Како можат тинејџерите да носат добри одлуки во врска со алкохолот?

Алкохол — дали вреди за она што следи? (2:31)

Прочитај што можеш да преземеш за да го надминеш проблемот со алкохолот.

„Исправен став кон алкохолот“ (Стражарска кула од 1 јануари 2010)

Дали христијаните треба да наздравуваат?

„Прашања од читателите“ (Стражарска кула од 15 февруари 2007)

Во животната приказна со наслов „Бев буре без дно“ прочитај што му помогнало на еден човек да престане да се опива.

„Библијата менува животи“ (Стражарска кула од 1 мај 2012)

a Оние што се зависни од алкохол можеби ќе имаат потреба од професионална помош. Според многу лекари, таквите лица не треба воопшто да пијат алкохол.