Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 45

Што значи да се биде неутрален?

Што значи да се биде неутрален?

Исус поучувал дека неговите следбеници не треба да бидат „дел од светот“ (Јован 15:19). Меѓу другото, во тоа е вклучено да бидеме неутрални, односно да не заземаме страни во војните и во политичките случувања во светот. Сепак, не е секогаш лесно да бидеме неутрални. Луѓето можат да нѐ исмејуваат поради тоа. Како може да бидеме неутрални и да му останеме верни на Јехова?

1. Како вистинските христијани гледаат на државните власти?

Христијаните ги почитуваат државните власти. Со тоа што ги почитуваме законите на државата, како што се законите поврзани со плаќањето даноци, ние сме послушни на зборовите на Исус: „Вратете му го цезаревото на цезарот“ (Марко 12:17). Од Библијата дознаваме дека човечките влади постојат само затоа што Јехова го дозволува тоа (Римјаните 13:1). Според тоа, јасно е дека тие имаат ограничен авторитет. Ние знаеме дека Бог и неговото Царство ќе ги решат проблемите на човештвото.

2. Како може да покажеме дека сме неутрални?

Исто како Исус, и ние не се мешаме во политика (Јован 6:15). Кога луѓето виделе едно од неговите чуда и сакале да го направат цар, тој не им дозволил. Зошто постапил така? Одговорот го наоѓаме во зборовите што ги кажал: „Моето царство не е дел од овој свет“ (Јован 18:36). Како ученици на Исус, ние покажуваме дека сме неутрални на многу начини. На пример, не одиме во војна. (Прочитај Михеј 4:3.) Ние ги почитуваме државните симболи, како што е знамето, но не ги величаме бидејќи тоа би било чин на обожавање (1. Јованово 5:21). Исто така, ниту поддржуваме ниту сме против некоја политичка партија или политички кандидат. На овие и на други начини, покажуваме дека сме потполно верни на Божјата влада, односно Божјето Царство.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе разгледаме некои ситуации во кои нашата неутралност може да биде ставена на испит и ќе видиме како може да носиме одлуки со кои ќе го радуваме Јехова.

3. Вистинските христијани се неутрални

Исус и неговите ученици ни дале пример кој треба да го следиме. Прочитај Римјаните 13:1, 5-7 и 1. Петрово 2:13, 14. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следниве прашања:

  • Зошто треба да ги почитуваме државните власти?

  • На кои начини покажуваме дека го почитуваме нивниот авторитет?

Кога има војна, некои држави можеби тврдат дека се неутрални, но им помагаат на завојуваните страни. Дали тоа е навистина неутралност? Прочитај Јован 17:16. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следново прашање:

  • Што значи да се биде неутрален?

Што ако државните власти бараат од нас да направиме нешто што е спротивно на Божјиот закон? Прочитај Дела 5:28, 29. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следниве прашања:

  • Ако во некоја ситуација човечките закони се косат со Божјите, чии закони треба да ги слушаме?

  • Можеш ли да се сетиш на некои ситуации во кои вистинските христијани не треба да ги слушаат човечките власти?

4. Биди неутрален дури и во мислите

Прочитај 1. Јованово 5:21. Потоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ и разговарајте за следниве прашања:

  • Зошто Ојенге одлучил да не се приклучи на политичката партија и да не учествува во државни церемонии, како што е поздравување на знамето?

  • Што мислиш, дали донел мудри одлуки?

Во кои други ситуации нашата неутралност може да биде ставена на испит? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Како може да останеме неутрални кога има меѓународни спортски натпреварувања?

  • Како може да останеме неутрални дури и ако одлуките на политичарите директно влијаат врз нас?

  • Како она што го дознаваме од медиумите или од луѓето со кои сме во контакт може да влијае врз нашата неутралност?

На кои полиња христијаните мора да останат неутрални — и со своите постапки и во своите мисли?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто не го поздравуваш знамето и не ја пееш химната?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Христијаните вложуваат голем труд да бидат политички неутрални со своите зборови и постапки, како и во своите мисли.

Како би одговорил?

  • Каков став треба да имаме кон државните власти?

  • Зошто сме политички неутрални?

  • Во кои ситуации нашата неутралност може да биде ставена на испит?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Кои жртви можеби ќе треба да ги направиме за да останеме неутрални?

Јехова никогаш не нѐ остави (3:14)

Што можат да направат семејствата за однапред да се подготват за некои ситуации во кои може да им биде предизвик да останат неутрални?

Како да ја задржиш својата неутралност на јавни настани (4:25)

Некои мислат дека најголемата чест што можеш да ја имаш е да ја браниш својата земја. Но, дали е навистина така?

„За Бог сѐ е возможно“ (5:19)

Дознај како со твоите одлуки во врска со вработувањето можеш да покажеш дека не си дел од светот.

„Секој ќе го носи својот сопствен товар“ (Стражарска кула од 15 март 2006)