Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 50

Како може твоето семејство да биде среќно? (втор дел)

Како може твоето семејство да биде среќно? (втор дел)

Децата се дар од Јехова, и тој очекува родителите добро да се грижат за тој дар. Јехова им дал на родителите мудри совети кои можат многу да им помогнат во тој поглед. Исто така, тој им дава совети и на децата за и тие да придонесат семејството да биде среќно.

1. Какви совети им дава Јехова на родителите?

Јехова очекува од родителите да ги сакаат своите деца и да поминуваат колку што е можно повеќе време со нив. Исто така, тој сака тие да ги штитат своите деца од сѐ што би можело да им наштети и да ги воспитуваат на темел на библиските начела (Изреки 1:8). Тој им вели на татковците: „Воспитувајте ги [своите деца] со стега од Јехова“. (Прочитај Ефешаните 6:4.) На Јехова му е мило кога родителите ги воспитуваат децата во склад со неговите совети и кога не им ја препуштаат таа одговорност на некој друг.

2. Какви совети им дава Јехова на децата?

Јехова ги советува децата: „Слушајте ги своите родители“. (Прочитај Колошаните 3:20.) Децата кои ги почитуваат своите родители и им се послушни ги радуваат не само нив туку и Јехова (Изреки 23:22-25). Исус дал добар пример во овој поглед кога бил дете. Иако бил совршен, тој ги почитувал своите несовршени родители и им бил послушен (Лука 2:51, 52).

3. Како можете да се зближите со Бог како семејство?

Ако си родител, сигурно сакаш твоите деца да го засакаат Јехова исто како што го сакаш и ти. Како можеш да го постигнеш тоа? Доколку го правиш она што го вели Библијата: „Всадувај ги [Јеховините зборови] во своите деца и зборувај им за нив кога седиш во својата куќа и кога одиш по пат“ (5. Мојсеева 6:7). Да „всадиш“ некоја поука значи да ја повторуваш повеќе пати за да може да се вреже во нечие срце. Веројатно знаеш дека, за да можат твоите деца да запомнат нешто, треба честопати да им го повторуваш. Според тоа, поттикот од овој стих е редовно да бараш прилики да зборуваш со своите деца за Јехова. Ќе биде корисно за сите во семејството доколку секоја седмица одвојувате време заедно да ја проучувате Библијата. Се разбира, тоа ќе биде корисно и за брачните парови кои немаат деца.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе разгледаме некои практични совети што можат да придонесат сите во семејството да се чувствуваат сигурно и среќно.

4. Воспитувај ги децата со љубов

Не е лесно да се воспитуваат деца. Како може Библијата да им помогне на родителите? Прочитај Јаков 1:19, 20, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како можат родителите да покажуваат љубов кога зборуваат со своите деца?

  • Зошто никогаш не треба во лутина да ги укоруваат или казнуваат своите деца? a

5. Заштити ги своите деца

За да ги заштитиш своите деца, многу е важно да зборуваш со секое од нив во врска со сексот и покрај тоа што можеби ќе ти биде непријатно. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Зошто на некои родители не им е лесно да зборуваат со своите деца за сексот?

  • Како некои родители ги поучиле своите деца за сексот?

Како што е проречено, светот на Сатана станува сѐ поизопачен. Прочитај 2. Тимотеј 3:1, 13, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Меѓу злите луѓе за кои се зборува во стих 13 има и такви што сексуално злоупотребуваат деца. Според тоа, зошто е многу важно родителите да ги поучуваат своите деца за сексот и за тоа како да се заштитат од напасници?

Дали си знаел?

Јеховините сведоци издаваат многу публикации кои им помагаат на родителите да ги поучуваат децата за сексот и да ги заштитат од злоупотреба. Еве некои:

6. Почитувај ги своите родители

Децата и тинејџерите можат да покажат почит кон своите родители со начинот на кој зборуваат со нив. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Зошто е важно младите да зборуваат со почит со своите родители?

  • На кој начин младите можат да покажат дека ги почитуваат своите родители кога разговараат со нив?

Прочитај Изреки 1:8, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како треба да реагира една млада личност кога добива совет од своите родители?

7. Учете за Јехова како семејство

Јеховините сведоци секоја седмица си одвојуваат време за да можат како семејство да ја проучуваат Библијата и да учат за Бог. Како може да изгледа ова семејно проучување? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Како може семејството редовно да има Семејна вечер?

  • Што можат да направат родителите за Семејната вечер да биде корисна и интересна за сите? (Види ја сликата на почетокот од оваа лекција.)

  • Што би можело да ви отежнува да проучувате заедно како семејство?

Во древниот Израел, Јехова очекувал од семејствата редовно да зборуваат за светите списи. Прочитај 5. Мојсеева 6:6, 7, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како можеш да го примениш ова начело?

Предлози за Семејната вечер:

  • Подгответе се за собраниските состаноци.

  • Прочитајте некој библиски извештај кој е интересен за вас и потоа зборувајте за него.

  • Ако имате мали деца, преземете или испечатете некои од проектите за деца на jw.org.

  • Ако имате деца на тинејџерска возраст, зборувајте за некоја статија за тинејџери која се наоѓа на jw.org.

  • Одглумете некоја библиска приказна со вашите деца.

  • Гледајте некој видеоклип на jw.org и потоа разговарајте за него.

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Библијата не е за деца — тие не можат да ја разберат“.

  • Што би рекол ти?

ШТО НАУЧИ:

Јехова очекува родителите да ги сакаат, воспитуваат и заштитуваат своите деца, а децата да ги почитуваат родителите и да им бидат послушни. Исто така, тој сака целото семејство заедно да учи за него.

Како би одговорил?

  • Како можат родителите да ги воспитуваат и заштитуваат своите деца?

  • Како можат децата да покажуваат почит кон своите родители?

  • Како ќе им користи на сите во семејство ако секоја седмица одвојуваат време заедно да учат за Бог?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Како можат родителите да им помогнат на децата спремно да зачекорат во светот на возрасните?

„6 лекции за кои треба да ги поучиме децата“ (Разбудете се! бр. 2, 2019)

Прочитај какви совети им дава Библијата на оние што се грижат за своите остарени родители.

„Што вели Библијата за грижата околу остарените родители?” (Статија на интернет)

Дознај што му помогнало на еден човек да стане добар татко.

Јехова нѐ поучи како да ги воспитаме децата (5:58)

Прочитај како можат татковците да бидат блиски со своите синови.

„Како татковците да останат блиски со своите синови?“ (Стражарска кула од 1 ноември 2011)

a Во Библијата зборот „укор“ се однесува на поучување, опоменување или исправање, но никогаш на малтретирање или суровост (Изреки 15:5).