Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 60

Продолжи духовно да напредуваш

Продолжи духовно да напредуваш

Во текот на овој библиски курс, ти научи многу работи за Јехова. Тоа ти помогнало да го засакаш толку многу што веројатно те поттикнало да му го заветуваш својот живот и да се крстиш. Или, пак, можеби размислуваш да го направиш тоа наскоро. Но, духовниот напредок не завршува со крштавањето. Ти можеш секој ден да стануваш сѐ поблизок со Јехова, и тоа во сета вечност. Како?

1. Зошто треба и понатаму да си го зајакнуваш пријателството со Јехова?

Ние мора и понатаму да вложуваме голем труд за да си го зајакнуваме пријателството со Јехова. Зошто? „За да не бидеме одвлечени“ од него (Евреите 2:1). Што може да ти помогне и понатаму верно да му служиш на Јехова? Продолжи ревносно да проповедаш и барај прилики да му служиш во уште поголема мера. (Прочитај Филипјаните 3:16.) Да му служиме на Јехова е најдобриот начин на живот! (Псалм 84:10).

2. Што друго треба и понатаму да правиш?

Иако стигна на крајот на овој библиски курс, твојот живот како христијанин само што започнал. Библијата вели дека треба да ја облечеме новата личност (Ефешаните 4:23, 24). Со тоа што ќе продолжиш да ја проучуваш Божјата Реч и да присуствуваш на собраниските состаноци, ќе учиш нови работи за Јехова и за неговите особини. Труди се во секојдневниот живот да ги покажуваш сѐ подобро неговите особини. И понатаму прави ги потребните промени за да го радуваш Јехова.

3. Како Јехова ќе ти помага духовно да напредуваш?

Библијата вели: „[Бог] ќе го доврши вашето обучување, ќе ве зацврсти, ќе ве зајакне“ (1. Петрово 5:10). Сите ние се соочуваме со разни искушенија. Но, Јехова ни го дава она што ни е потребно за да можеме да им се спротивставиме (Псалм 139:23, 24). Тој ветува дека ќе ни даде и желба и сила за да му служиме верно. (Прочитај Филипјаните 2:13.)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како можеш духовно да напредуваш и како Јехова ќе те благослови.

4. Продолжи да си го зајакнуваш пријателството со Јехова

Молитвата и проучувањето на Библијата веќе ти помогнале да станеш пријател со Јехова. Како овие работи можат да ти помогнат уште повеќе да се зближиш со него?

Прочитај Псалм 62:8, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како би можел да ги подобриш твоите молитви за да си го зајакнеш пријателството со Јехова?

Прочитај Псалм 1:2 и фуснотата, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како би можел да го подобриш твоето читање на Библијата за да си го зајакнеш пријателството со Јехова?

Како можеш да извлечеш поголема корист од твоето лично проучување на Библијата? За да видиш некои предлози кои можат да ти помогнат во тоа, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ. Потоа, разговарајте за следниве прашања:

  • Кои од предлозите во видеоклипот би можел да ги примениш?

  • Кои теми би сакал да ги проучуваш?

5. Поставувај си духовни цели

Тоа што ќе си поставуваш духовни цели ќе ти помогне и понатаму да напредуваш. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како ѝ користело на Камерон тоа што си поставила духовни цели?

Не може секој да се пресели во друга земја за да проповеда. Сепак, сите ние може да си поставиме достижни цели. Прочитај Изреки 21:5, а потоа поразговарајте кои цели би сакал да си ги поставиш во врска со...

  • собранието.

  • проповедањето.

Како може начелото од овој стих да ти помогне да ги оствариш своите цели?

Некои цели

  • Подобри ги твоите молитви.

  • Прочитај ја целата Библија.

  • Запознај ги сите од твоето собрание.

  • Започни библиски курс со некого.

  • Служи како помошен или општ пионер.

  • Ако си брат, труди се да ги исполниш условите за слуга-помошник.

6. Радувај му се на животот засекогаш!

Прочитај Псалм 22:26 и 37:11, 29, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што можеш да правиш за да му се радуваш на животот — и сега и во сета вечност?

ШТО НАУЧИ:

Продолжи да си го зајакнуваш пријателството со Јехова и да си поставуваш духовни цели. Така ќе можеш да му се радуваш на животот засекогаш!

Како би одговорил?

  • Зошто можеш да имаш доверба дека Јехова ќе ти помага верно да му служиш?

  • Како можеш да си го зајакнуваш пријателството со Јехова?

  • Зошто е важно да си поставуваш духовни цели?

Долгорочна цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај што цени Јехова повеќе — само еднаш да направиме нешто големо за него или целиот свој живот верно да му служиме.

Биди верен како Авраам (9:20)

Дури и некој што верно му служи на Јехова може да ја изгуби радоста. Што може да му помогне повторно да чувствува радост?

Проучувањето и размислувањето ќе ја оживеат твојата радост (5:25)

Што може да ти помогне да си поставиш духовни цели и да ги оствариш?

„Користи ги духовните цели за да го величаш твојот Творец“ (Стражарска кула од 15 јули 2004)