Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Повторување: дел 2

Повторување: дел 2

Разговарајте за следниве прашања:

  1. Што ќе направи Бог со лажните религии?

    (Види во лекција 13.)

  2. Прочитај 2. Мојсеева 20:4-6.

    • Како се чувствува Јехова кога луѓето користат икони и кипови за да го обожаваат?

      (Види во лекција 14.)

  3. Кој е Исус?

    (Види во лекција 15.)

  4. Кои особини на Исус посебно ти се допаѓаат?

    (Види во лекција 17.)

  5. Прочитај Јован 13:34, 35 и Дела 5:42.

    • Кои се вистински христијани денес? Што тебе лично те уверува во тоа?

      (Види во лекции 18 и 19.)

  6. Кој е глава на собранието, односно кој го води Божјиот народ, и како го прави тоа?

    (Види во лекција 20.)

  7. Прочитај Матеј 24:14.

    • Како ова пророштво се исполнува денес?

    • Со кого си ја споделил добрата вест?

      (Види во лекции 21 и 22.)

  8. Дали сметаш дека крштавањето е цел која вреди да си ја поставиш? Зошто мислиш така?

    (Види во лекција 23.)

  9. Како можеш да се заштитиш од Сатана и од демоните?

    (Види во лекција 24.)

  10. Која е Божјата намера со луѓето?

    (Види во лекција 25.)

  11. Зошто луѓето страдаат и умираат?

    (Види во лекција 26.)

  12. Прочитај Јован 3:16.

    • Што направил Јехова за да нѐ спаси од гревот и од смртта?

      (Види во лекција 27.)

  13. Прочитај Проповедник 9:5.

    • Што се случува со луѓето кога ќе умрат?

    • Каква надеж има за милијарди луѓе кои починале?

      (Види во лекции 29 и 30.)

  14. Зошто Божјето Царство е подобро од сите човечки влади?

    (Види во лекции 31 и 33.)

  15. Дали веруваш дека Божјето Царство веќе владее? Зошто? Кога Царството почнало да владее?

    (Види во лекција 32.)