Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сум спремен?

Дали сум спремен?

Дали сум спремен да проповедам со собранието?

Можеш да бидеш некрстен објавител ако...

  • редовно ја проучуваш Библијата, се молиш и присуствуваш на собраниските состаноци.

  • веруваш во она што го учиш и сакаш да им кажуваш за тоа на другите.

  • го сакаш Јехова и ги избираш за блиски пријатели оние што го сакаат него.

  • повеќе не си член на ниту една политичка или религиозна организација.

  • живееш според Јеховините мерила и сакаш да станеш Јеховин сведок.

Ако сметаш дека си спремен да почнеш да проповедаш со собранието, оној што ја проучува Библијата со тебе ќе ги замоли старешините да поразговараат со тебе во врска со тоа.

Дали сум спремен да се крстам?

Можеш да се крстиш ако...

  • веќе си некрстен објавител.

  • редовно учествуваш во службата онолку колку што можеш.

  • го поддржуваш „верниот и разборит роб“ и го следиш неговото водство (Матеј 24:45-47).

  • си му го заветувал својот живот на Јехова и сакаш да му служиш засекогаш.

Ако сметаш дека си спремен да се крстиш, оној што ја проучува Библијата со тебе ќе ги замоли старешините да поразговараат со тебе во врска со тоа.