Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Утеха

Утеха

Вообичаени причини за обесхрабрување и стихови кои може да нѐ утешат

Грижи

Види „Грижи

Долготрајна емоционална болка поради тоа што некој се однесува неправедно кон нас

Види „Неправди

Лутина; огорченост

Некои се огорчени поради многуте тешкотии или неправди што ги доживуваат

Про 9:11, 12

Види и Пс 142:4; Про 4:1; 7:7

  • Библиски извештаи:

    • Рут 1:11-13, 20 — Откако ѝ починале сопругот и двајцата сина, Ноемина се чувствувала многу тажно и мислела дека Јехова ја напуштил

    • Јов 3:1, 11, 25, 26; 10:1 — Јов бил огорчен бидејќи го изгубил богатството, десетте деца и здравјето

  • Утешни стихови:

  • Утешни библиски извештаи:

    • Рут 1:6, 7, 16-18; 2:2, 19, 20; 3:1; 4:14-16 — Откако се вратила меѓу Божјиот народ, прифатила помош, и им помагала на другите, Ноемина повторно била радосна

    • Јов 42:7-16; Јк 5:11 — Јов му останал верен на Јехова, и тој многу го благословил

Некои се огорчени бидејќи другите постапуваат лошо со нив

Про 4:1, 2

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 1:6, 7, 10, 13-16 — Ана била длабоко повредена поради тоа што Фенина лошо се однесувала со неа и поради тоа што првосвештеникот Илиј мислел дека е пијана

    • Јов 8:3-6; 16:1-5; 19:2, 3 — Тројцата лажни тешители на Јов биле самоправедни и неправедно го критикувале, со што придонеле тој да се чувствува уште полошо

  • Утешни стихови:

  • Утешни библиски извештаи:

    • 1Са 1:9-11, 18 — Откако во молитва му кажала на Јехова како се чувствува, на Ана многу ѝ олеснило

    • Јов 42:7, 8, 10, 17 — Откако Јов им простил на своите тројца пријатели, Јехова го благословил

Љубомора; завист

Види „Љубомора

Ограничувања поради болест или старост

Пс 71:9, 18; Про 12:1-7

  • Библиски извештаи:

    • 2Ца 20:1-3 — Цар Езекија горко заплакал кога дознал дека е тешко болен и дека ќе умре

    • Фп 2:25-30 — Епафродит бил потиштен бидејќи собранието слушнало дека е болен и бил загрижен дека другите ќе мислат дека не успеал да ја изврши задачата

  • Утешни стихови:

  • Утешни библиски извештаи:

    • 2Са 17:27-29; 19:31-38 — Верниот Варзелај бил многу почитуван, но скромно одбил да изврши задача за која сметал дека е претешка за него поради тоа што бил во поодминати години

    • Пс 41:1-3, 12 — Иако можеби бил тешко болен, цар Давид бил сигурен дека Јехова ќе му помага

    • Мр 12:41-44 — Исус пофалил една сиромашна вдовица за прилогот што го дала бидејќи тоа било сѐ што имала

Прогонство

Види „Прогонство

Разочарување поради нашите слабости и грешки

Види „Разочарување

Разочарување поради тоа што другите нѐ повредиле, нѐ изневериле или дури и ни свртиле грб

Види „Разочарување

Силно чувство на вина

Езр 9:6; Пс 38:3, 4, 8; 40:12

  • Библиски извештаи:

    • 2Ца 22:8-13; 23:1-3 — Откако им бил прочитан Мојсеевиот закон, цар Јосија и неговите поданици станале свесни за големата вина што ја носеле

    • Езр 9:10-15; 10:1-4 — Свештеникот Езра и другите од народот чувствувале голема вина поради тоа што некои си зеле за жени туѓинки, што било спротивно на Јеховината волја

    • Лк 22:54-62 — Апостол Петар бил многу тажен поради вината што ја чувствувал откако три пати одрекол дека го познава Исус

  • Утешни стихови:

  • Утешни библиски извештаи:

    • 2Ле 33:9-13, 15, 16 — Манасија бил еден од најлошите цареви кои владееле со Јуда; сепак, тој се покајал и му била покажана милост

    • Лк 15:11-32 — Исус ја раскажал споредбата за изгубениот син за да истакне дека Јехова простува великодушно и потполно

Сомнежи во врска со тоа колку вредиме

Види „Сомнежи

Страв

Види „Страв

Чувство дека не сме доволно способни да решиме некој проблем или да извршиме некоја задача

  • Библиски извештаи:

    • 2Мо 3:11; 4:10 — Мојсеј не се чувствувал способен да зборува со фараонот и да го изведе Божјиот народ од Египет

    • Ере 1:4-6 — Еремија сметал дека е премлад и неискусен за да служи како пророк на Јехова меѓу еден тврдоглав народ

  • Утешни стихови:

  • Утешни библиски извештаи:

    • 2Мо 3:12; 4:11, 12 — Јехова стрпливо го уверил Мојсеј дека ќе му помага да ја изврши задачата

    • Ере 1:7-10 — Јехова го уверил Еремија дека нема потреба да се плаши бидејќи тој ќе му помага додека ја извршува тешката задача