Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Совет

Совет

Добивање совет

Зошто треба да бараме совет кој се темели на Библијата?

Зошто е подобро да послушаме совет наместо да си бараме изговор за нашите постапки?

Из 12:15; 29:1

Види и Из 1:23-31; 15:31

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 15:3, 9-23 — Кога пророкот Самоил го исправил цар Саул, тој почнал да се правда и го отфрлил советот; затоа, Јехова го отфрлил него

    • 2Ле 25:14-16, 27 — Кога Јеховиниот пророк му дал совет поради гревот што го направил, цар Амазија не послушал; затоа ги изгубил Јеховината милост и заштита

Зошто треба да покажеме почит кон старешините кога нѐ советуваат?

1Со 5:12; 1Ти 5:17; Ев 13:7, 17

  • Библиски извештај:

    • 3Јо 9, 10 — Апостол Јован, кој бил во поодминати години, го осудил Диотреф бидејќи се однесувал со непочитување кон оние што предводеле во христијанското собрание

Зошто да ги слушаме советите на постарите?

3Мо 19:32; Из 16:31

Види и Јов 12:12; 32:7; Тит 2:3-5

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 23:16-18 — Цар Давид го послушал советот на Јонатан, кој бил околу 30 години постар од него, и се чувствувал зајакнат од советот

    • 1Ца 12:1-17 — Цар Ровоам го отфрлил мудриот совет на постарите мажи, а го послушал неразумниот совет на младите мажи, и тоа водело до катастрофални последици

Што покажува дека верни жени и помлади слуги на Јехова може да дадат корисен совет?

Јов 32:6, 9, 10; Из 31:1, 10, 26; Про 4:13

Види и Пс 119:100

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 25:14-35 — Авигеја му дала на цар Давид совет кој придонел да се спасат многу животи и кој го заштитил од вина за крв

    • 2Са 20:15-22 — Една мудра жена од градот Авел го спасила целиот град со нејзиниот совет

    • 2Ца 5:1-14 — Едно мало израелско девојче му дало предлог на еден моќен воин за тоа како може да се излечи од лепра

Зошто треба внимателно да размислиме дали да прифатиме совет од некој што нема почит кон Јехова или кон неговата Реч?

Пс 1:1; Из 4:14

Види и Лк 6:39

  • Библиски извештаи:

    • 1Ле 10:13, 14 — Цар Саул побарал совет од жена која повикувала духови наместо од Јехова, и умрел поради тоа што не му бил послушен на Јехова

    • 2Ле 22:2-5, 9 — Цар Охозија си избрал лоши советници, што водело до тоа да го изгуби животот

    • Јов 21:7, 14-16 — Јов одбил да размислува како луѓето кои немале почит кон Јехова

Давање совет

Зошто е најдобро пред да дадеме совет да ги сослушаме и двете страни и да дознаеме колку што е можно повеќе факти за ситуацијата?

Из 18:13, 17

Види и Из 25:8

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 1:9-16 — Првосвештеникот Илиј ѝ дал строг совет на Ана пред да ги дознае фактите, бидејќи заклучил дека оваа верна жена е пијана

    • Мт 16:21-23 — Апостол Петар го прекорил Исус така што, без да ги знае сите факти, му рекол да направи нешто што, всушност, го сакал Сатана, а не Јехова

Зошто треба да го молиме Јехова за водство пред да дадеме совет?

Пс 32:8; 73:23, 24; Из 3:5, 6

  • Библиски извештаи:

    • 2Мо 3:13-18 — Пророкот Мојсеј го прашал Јехова кој е најдобриот начин да одговори на прашањата што можеби ќе му ги поставеле Израелците

    • 1Ца 3:5-12 — Младиот цар Соломон не се потпирал на себеси, туку барал мудрост од Јехова, и поради тоа Бог го благословил

Зошто треба нашите совети и одговори секогаш да ги темелиме на Божјата Реч?

Пс 119:24, 105; Из 19:21; 2Ти 3:16, 17

Види и 5Мо 17:18-20

  • Библиски извештаи:

    • Мт 4:1-11 — Кога Сатана го искушувал, Исус му одговарал на темел на Божјата Реч, а не на темел на својата мудрост

    • Јвн 12:49, 50 — Исус објаснил дека сите свои учења ги темелел на она за кое го поучил неговиот Татко, и со тоа ни оставил убав пример и нам

Зошто треба да се трудиме да бидеме благи кога даваме совет, па дури и, кога е можно, да дадеме пофалба заедно со советот?

Га 6:1; Кол 3:12

Види и Иса 9:6; 42:1-3; Мт 11:28, 29

  • Библиски извештаи:

    • 2Ле 19:2, 3 — Преку еден пророк, Јехова му дал исправка на цар Јосафат, но и го пофалил за добрите работи што ги направил

    • От 2:1-4, 8, 9, 12-14, 18-20 — Исус пофалил неколку собранија пред да им даде совет

Ако некој соверник ни се пожали дека некој друг соверник му нанел неправда, на пример го измамил или го наклеветил, зошто треба да го поттикнеме да разговара насамо со него?

Како може да поттикнеме некој наш соверник кој се чувствува повредено од постапките на некој друг соверник да биде милостив, стрплив и да простува?

Мт 18:21, 22; Мр 11:25; Лк 6:36; Еф 4:32; Кол 3:13

Види и Мт 6:14; 1Ко 6:1-8; 1Пе 3:8, 9

  • Библиски извештај:

    • Мт 18:23-35 — Исус дал една впечатлива споредба за да објасни зошто е толку важно да им простуваме на другите

Зошто е потребно цврсто да се држиме за Јеховините праведни мерила кога даваме совет?

Пс 141:5; Из 17:10; 2Ко 7:8-11

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 15:23-29 — Пророкот Самоил не се плашел да му даде совет на цар Саул

    • 1Ца 22:19-28 — Пророкот Михаија одбил да ја промени предупредувачката порака за цар Ахав, и покрај тоа што добивал закани и бил малтретиран

Како можеме да дадеме совет некому без да му наштетиме во духовен поглед?

Ев 12:11-13

  • Библиски извештаи:

    • Лк 22:31-34 — Исус покажал доверба дека апостол Петар, и покрај сериозните грешки, ќе може да ги зајакнува другите

    • Фм 21 — Апостол Павле покажал доверба дека Филимон ќе го прифати неговиот совет кој бил во склад со Божјата волја

Како можеме да бидеме обѕирни и сочувствителни кога даваме совет на некој што е загрижен или потиштен?

Како можеме да му покажеме на оној кој згрешил дека сакаме да му помогнеме повторно да има добар однос со Јехова?

Како можеме да покажеме почит кон оној на кого му даваме совет, без оглед на неговата возраст или пол?

Ако некој повеќепати одбива да послуша библиски совет, зошто старешините треба да му дадат построг совет?