Разочарување
Разочарување поради тоа што другите нѐ повредиле, нѐ изневериле или дури и ни свртиле грб
Библиски извештаи:
1Са 8:1-6 — Пророкот Самоил се чувствувал повредено и разочарано кога Израелците барале цар
1Са 20:30-34 — Јонатан се чувствувал повредено и понижено кога неговиот татко, цар Саул, се разгневил на него
Утешни стихови:
Утешни библиски извештаи:
Пс 55:12-14, 16-18, 22 — Иако неговиот близок пријател Ахитофел го изневерил, цар Давид му ги доверил своите грижи на Јехова, и бил утешен
2Ти 4:16-18 — Кога апостол Павле бил на судење, никој не дошол да му даде поддршка, но тој црпел сила од Јехова и од надежта што тој ја дава
Разочарување поради нашите слабости и грешки
Библиски извештаи:
Пс 51:1-5 — Цар Давид чувствувал длабока болка поради тоа што му згрешил на Јехова
Ри 7:19-24 — Апостол Павле се чувствувал многу обесхрабрено затоа што морал постојано да води борба против своите грешни склоности
Утешни стихови:
Утешни библиски извештаи:
1Ца 9:2-5 — Иако цар Давид направил некои сериозни гревови, за Јехова тој бил човек со чисто срце
1Ти 1:12-16 — И покрај големите гревови што ги направил во минатото, апостол Павле бил уверен дека ќе му биде покажана милост