Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Охрабрување

Охрабрување

Зошто е важно Божјите слуги да се охрабруваат еден со друг?

Иса 35:3, 4; Кол 3:16; 1Со 5:11; Ев 3:13

  • Библиски извештаи:

    • 2Ле 32:2-8 — Цар Езекија го охрабрил својот народ кога им се заканувала сериозна опасност од Асирците

    • Да 10:2, 8-11, 18, 19 — Еден ангел го охрабрил и го зајакнал пророкот Даниел, кој бил во поодминати години и немал многу сила

Зошто Јехова очекува од старешините да ги охрабруваат другите?

Иса 32:1, 2; 1Пе 5:1-3

Види и Мт 11:28-30

  • Библиски извештаи:

    • 5Мо 3:28; 31:7, 8 — По заповед на Јехова, пророкот Мојсеј го зајакнал и го охрабрил својот наследник, Исус Навин

    • Де 11:22-26; 14:22 — За време на прогонство, апостолите Павле и Варнава ги храбреле христијаните во Антиохија

Зошто искрената пофалба е важен дел од охрабрувањето?

Из 31:28, 29; 1Ко 11:2

  • Библиски извештаи:

    • Су 11:37-40 — Секоја година, девојките од Израел оделе да ја посетат ќерката на судијата Јефтај за да ја пофалат за нејзиниот самопожртвуван начин на живот

    • От 2:1-4 — Освен што им ја дал потребната исправка на христијаните во Ефес, Исус и ги пофалил за добрите работи што ги правеле

Како може верните слуги на Јехова да се охрабруваат меѓу себе?

Из 15:23; Еф 4:29; Фп 1:13, 14; Кол 4:6; 1Со 5:14

Види и 2Ко 7:13, 15, 16

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 23:16-18 — Јонатан знаел дека неговиот помлад пријател Давид минува низ тежок период и затоа отишол кај него за да го охрабри

    • Јвн 16:33 — Исус ги охрабрил своите ученици со својот пример и ги уверил дека и тие, исто како него, можат да го победат светот

    • Де 28:14-16 — Кога одел на своето судење во Рим, Павле се охрабрил кога ги видел браќата кои дошле да го пресретнат за да го зајакнат

Зошто е важно да внимаваме да не бидеме личности кои постојано се жалат и не ги почитуваат другите?

Фп 2:14-16; Ју 16-19

  • Библиски извештаи:

    • 4Мо 11:10-15 — Пророкот Мојсеј многу се обесхрабрил од Израелците бидејќи постојано се жалеле и биле непослушни

    • 4Мо 13:31, 32; 14:2-6 — Поради негативниот извештај на десетте извидувачи кои немале вера, народот се обесхрабрил и се побунил

Зошто тоа што ќе поминуваме време со соверниците може да нѐ охрабри?

Из 27:17; Ри 1:11, 12; Ев 10:24, 25; 12:12

  • Библиски извештаи:

    • 2Ле 20:1-19 — Кога им се заканувал напад од огромна војска, цар Јосафат го собрал народот за да се молат

    • Де 12:1-5, 12-17 — Откако апостол Јаков бил погубен и апостол Петар бил затворен, собранието во Ерусалим се собрало заедно за да се моли

Како тоа што ќе размислуваме за нашата надеж за иднината може да нѐ охрабри и да ни помогне да истраеме кога се соочуваме со неволји?

Де 5:40, 41; Ри 8:35-39; 1Ко 4:11-13; 2Ко 4:16-18; 1Пе 1:6, 7

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 39:19-23; 40:1-8 — Иако бил лажно обвинет и неправедно затворен, Јосиф останал верен и сакал да им помага на другите

    • 2Ца 6:15-17 — Елисеј не се плашел кога против него дошла голема војска и се молел и неговиот слуга да не се плаши

Охрабрување од Божјата Реч

Какво уверување ни дава Јехова кој многу нѐ сака?

Како тоа што размислуваме за Јеховината стрпливост и милост нѐ охрабрува?

Што може да направи Јехова за оние што немаат сила?

Пс 46:1; Иса 12:2; 40:29-31; Фп 4:13

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 1:10, 11, 17, 18 — Јехова ја слушнал молитвата на Ана, која била тажна и вознемирена, и ѝ помогнал да чувствува мир

    • 1Ца 19:1-19 — Кога пророкот Илија бил обесхрабрен, Јехова му пружил практична помош. Тој го охрабрил и го утешил со тоа што му помогнал да се концентрира на позитивните работи

Како може библиската надеж за иднината да ни влее храброст?

2Ле 15:7; Пс 27:13, 14; Ев 6:17-19; 12:2

  • Библиски извештаи:

    • Јов 14:1, 2, 7-9, 13-15 — Дури и во најтешките моменти од својот живот, Јов нашол утеха во надежта за воскресение

    • Да 12:13 — Пророкот Даниел, кој имал околу 100 години, бил охрабрен од еден ангел кој му кажал дека во иднина ќе добие награда

Зошто тоа што ќе му се молиме на Јехова и ќе размислуваме за она што го знаеме за него може да нѐ охрабри?

Пс 18:6; 56:4, 11; Ев 13:6

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 30:1-9 — Кога имал проблеми, цар Давид му се молел на Јехова, и тој му давал сила

    • Лк 22:39-43 — Кога се соочил со најтешкиот испит на верата, Исус се молел сесрдно, и Јехова му одговорил така што му испратил еден ангел за да го охрабри

Како нѐ охрабруваат добрите вести, и зошто е добро да ги споделуваме со другите?

Из 15:30; 25:25; Иса 52:7

  • Библиски извештаи:

    • Де 15:2-4 — Апостолите Павле и Варнава многу ги охрабриле собранијата што ги посетиле

    • 3Јо 1-4 — Кога бил во поодминати години, апостол Јован се охрабрил кога слушнал дека оние што ги поучил за вистината сѐ уште биле верни