Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Семејство

Семејство

Јехова го основал семејството

Родители

Види „Родители

Татковци

Види „Татковци

Мајки

Види „Мајки

Сопрузи, сопруги

Види „Брак

Синови и ќерки

Што очекува Јехова од децата?

Зошто децата треба да им бидат послушни на своите родители?

Еф 6:1-3; Кол 3:20

  • Библиски извештаи:

    • Пс 78:1-8 — За децата да имаат доверба во Бог и да не станат бунтовни, Израелците им раскажувале што направиле нивните прататковци откако Јехова им ги кажал своите заповеди

    • Лк 2:51, 52 — Иако бил совршен, Исус, кога бил дете, им бил послушен на своите родители кои биле несовршени

Зошто на децата може да им биде тешко да ги почитуваат своите родители?

Како гледа Бог на децата кои не им се послушни на своите родители?

  • Библиски извештаи:

    • 5Мо 21:18-21 — Според Мојсеевиот закон, ако некој син станел бунтовен и покажувал крајно непочитување кон своите родители, требало да биде погубен

    • 2Ца 2:23, 24 — Бидејќи го исмевале пророкот Елисеј и со тоа покажале огромно непочитување кон некој што го застапувал Бог, една група момчиња биле растргнати од две мечки

Како треба родителите да гледаат на можноста да подигаат деца?

Пс 127:3; 128:3

  • Библиски извештаи:

    • 3Мо 26:9 — Израелците ги сметале децата за благослов од Јехова

    • Јов 42:12, 13 — Бидејќи Јов останал верен иако многу страдал, Јехова ги благословил него и неговата жена со уште десет деца

Како Јехова сака децата во едно семејство да се однесуваат едни со други?

Пс 34:14; Из 15:23; 19:11

  • Библиски извештај:

    • 1Мо 27:41; 33:1-11 — Јаков му оддал чест на својот брат, Исав, така што прв презел чекори да се помири со него, и Исав го примил со убаво и му покажал наклоност

Каква одговорност имаат децата кои се возрасни кон родителите, како и кон бабите и дедовците?

Из 23:22; 1Ти 5:4

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 11:31, 32 — Кога се селел од Ур, Авраам го зел со себе и својот татко, Тара, и се грижел за него сѐ до неговата смрт

    • Мт 15:3-6 — Користејќи го Мојсеевиот закон, Исус покажал дека децата треба да им ги даваат потребната помош и поддршка на родителите

Родители на сопружникот

Баби и дедовци