Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Простување

Простување

Дали Јехова навистина сака да ни простува?

Пс 86:5; Да 9:9; Мх 7:18

Види и 2Пе 3:9

  • Библиски извештаи:

    • Пс 78:40, 41; 106:36-46 — Иако Израелците многупати се бунтувале против Јехова и му нанесувале болка, тој одново и одново им простувал

    • Лк 15:11-32 — Исус покажал колку великодушно простува Јехова со споредбата за еден милостив татко кој му простил на својот бунтовен син кој се покајал

На темел на што Јехова ни ги простува гревовите?

Јвн 1:29; Еф 1:7; 1Јо 2:1, 2

  • Библиски извештаи:

    • Ев 9:22-28 — Апостол Павле објаснил зошто само преку крвта на Христос може да ни бидат простени гревовите

    • От 7:9, 10, 14, 15 — Апостол Јован во видение видел „големо мноштво луѓе“ кои имаат добар однос со Бог благодарение на нивната вера во Христовата пролеана крв

Ако сакаме Јехова да ни прости нам, што треба ние да правиме кога другите ќе ни згрешат?

Мт 6:14, 15; Мр 11:25; Лк 17:3, 4; Јк 2:13

  • Библиски извештаи:

    • Јов 42:7-10 — Пред да му го врати здравјето на Јов и да го благослови, Јехова побарал од него да се моли за тројцата лажни тешители

    • Мт 18:21-35 — Исус на впечатлив начин покажал колку е важно да им простуваме на другите ако сакаме да ни биде простено и нам

Колку е важно да ги признаваме гревовите и искрено да се каеме?

Де 3:19; 26:20; 1Јо 1:8-10

  • Библиски извештаи:

    • Пс 32:1-5; 51:1, 2, 16, 17 — Поради тешките гревови што ги направил, цар Давид се чувствувал скршено од болка, и искрено се покајал

    • Јк 5:14-16 — Јаков објаснил дека, ако некој направи тежок грев, треба да оди да разговара со старешините

Какви промени мора да направиме ако сакаме Јехова да ни прости?

Из 28:13; Иса 55:7; Еф 4:28

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 21:27-29; 2Ле 18:18-22, 33, 34; 19:1, 2 — Кога слушнал дека Јехова ќе го казни, Ахав се понизил, и Јехова му покажал милост до одредена мера; сепак, Ахав не покажал дека вистински се кае и затоа Јехова го сметал за зол и не му простил

    • 2Ле 33:1-16 — Иако цар Манасија бил многу злобен, Јехова му простил кога се покајал. Манасија покажал дека вистински се сменил со тоа што се трудел да го отстрани идолопоклонството и му помогнал на народот да го обожава Јехова

До која мера Јехова им простува на оние што се каат за своите гревови?

Пс 103:10-14; Иса 1:18; 38:17; Ере 31:34; Мх 7:19

  • Библиски извештај:

    • 2Са 12:13; 24:1; 1Ца 9:4, 5 — Иако цар Давид направил тешки гревови, Јехова му простил бидејќи се покајал, и подоцна за него рекол дека бил човек со чисто срце

Како Исус покажал дека е спремен да простува како Јехова?

Пс 86:5; Лк 23:33, 34

  • Библиски извештаи:

    • Мт 26:36, 40, 41 — Најблиските следбеници на Исус заспале кога нему најмногу му била потребна нивната поддршка; сепак, Исус покажал дека е свесен за нивните ограничувања

    • Мт 26:69-75; Лк 24:33, 34; Де 2:37-41 — Петар трипати одрекол дека го познава Исус, но Христос му простил бидејќи се покајал; откако воскреснал, Исус му се појавил на Петар, а потоа го користел за да изврши важни задачи

Од каде знаеме дека Јехова нема да му прости секому?

Мт 12:31; Ев 10:26, 27; 1Јо 5:16, 17

  • Библиски извештаи:

    • Мт 23:29-33 — Исус ги предупредил книжниците и фарисеите дека, ако не се променат, ќе завршат во геената, односно ќе бидат засекогаш уништени

    • Јвн 17:12; Мр 14:21 — Исус го нарекол Јуда Искариот „синот на пропаста“ и за овој предавник рекол дека ќе било подобро воопшто да не се ни родел

Што треба да ги поттикне христијаните спремно да простуваат?