Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Срце

Срце

Како Библијата покажува дека нашето симболично срце е нашата внатрешна личност, вклучувајќи ги нашите мисли, чувства, намери и особини?

Пс 49:3; Из 16:9; Лк 5:22; Де 2:26

Види и 5Мо 15:7; Пс 19:8

  • Библиски извештај:

    • Лк 9:46-48 — Исус ги исправил апостолите поради тоа што забележал дека во нивното срце имало амбициозност

Зошто е важно да си го чуваме срцето?

1Ле 28:9; Из 4:23; Ере 17:9

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 6:5-7 — Поради тоа што имале злобно срце, луѓето станале насилни, и затоа Бог предизвикал Потоп

    • 1Ца 11:1-10 — Цар Соломон не си го заштитил своето срце и стапил во брак со жени туѓинки кои му го одвратиле срцето од Јехова

    • Мр 7:18-23 — Исус објаснил дека сѐ што може да нѐ извалка во Божји очи доаѓа од нашето срце

Како може да си го заштитиме срцето?

Пс 19:14; Из 3:3-6; Лк 21:34; Фп 4:8

Види и Езр 7:8-10; Пс 119:11

  • Библиски извештај:

    • Еф 6:14-18; 1Со 5:8 — Кога ја опишувал духовната воена опрема, апостол Павле објаснил дека праведноста, верата и љубовта може да го заштитат нашето симболично срце исто како што оклопот го штити дословното срце

Како може да дознаеме дали имаме некаков проблем со нашето симболично срце?

Из 21:2-4; Ев 3:12

Види и Из 6:12-14

  • Библиски извештаи:

    • 2Ле 25:1, 2, 17-27 — Некое време, цар Амазија го правел она што е исправно во Јеховини очи, но неговото срце не му било потполно оддадено на Јехова; со текот на времето, се возгордеал и повеќе не му бил послушен на Јехова, и поради тоа трпел последици

    • Мт 7:17-20 — Исус кажал дека исто како што едно гнило дрво дава лош плод, така и од едно срце кое е во лоша состојба произлегуваат лоши постапки

Зошто треба да се трудиме нашето срце да биде во добра состојба, и што може да правиме?

Из 10:8; 15:28; Лк 6:45

Види и Пс 119:97, 104; Ри 12:9-16; 1Ти 1:5

  • Библиски извештаи:

    • 2Ца 20:1-6 — Кога се разболел на смрт, цар Езекија го молел Јехова да му покаже милост поради тоа што му бил оддаден со цело срце

    • Мт 21:28-32 — Исус употребил една споредба за да покаже дека состојбата на срцето на еден човек повеќе се гледа од она што го прави отколку од она што вели дека ќе го направи

Зошто е утешно тоа што знаеме дека Јехова ги испитува срцата?

1Ле 28:9; Ере 17:10

Види и 1Са 2:3

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 16:1-13 — Пророкот Самоил сфатил дека Јехова не може да биде измамен од нечиј надворешен изглед; наместо тоа, тој го гледа она што е во срцето

    • 2Ле 6:28-31 — Од молитвата што цар Соломон ја кажал на свеченото отворање на храмот дознаваме дека Јехова потполно знае што има во нашето срце и дека го користи тоа знаење за да ни покаже милост