Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Беспрекорност; непорочност

Беспрекорност; непорочност

Што е беспрекорност?

Пс 18:23-25; 26:1, 2; 101:2-7; 119:1-3, 80

  • Библиски извештаи:

    • 3Мо 22:17-22 — Јехова очекувал животните кои се принесувале како жртви да бидат без недостаток; хебрејскиот збор кој е преведен со изразот „без недостаток“ е поврзан со хебрејскиот збор што се преведува со изразот „беспрекорност“, што покажува дека беспрекорноста вклучува потполна оддаденост на Јехова

    • Јов 1:1, 4, 5, 8; 2:3 — Со својот начин на живот, Јов покажал дека, за еден човек да биде беспрекорен, мора длабоко да го почитува Јехова, да му служи со цело срце и да не го прави она што е лошо во негови очи

Зошто треба да бидеме беспрекорни?

Што може да нѐ поттикне да бидеме беспрекорни?

Како може да стекнеме беспрекорност и да ја зачуваме?

ИсН 24:14, 15; Пс 101:2-4

Види и 5Мо 5:29; Иса 48:17, 18

  • Библиски извештаи:

    • Јов 31:1-11, 16-33 — Јов покажал дека е беспрекорен во секојдневниот живот со тоа што бил морално чист и постапувал со другите обѕирно и со почит. Тој го обожавал само Јехова и се чувал од идолопоклонство и материјализам

    • Да 1:6-21 — Иако биле опкружени со луѓе кои не му служеле на Јехова, Даниел и неговите тројца пријатели останале беспрекорни дури и во врска со изборот на храна

Дали некој што повеќепати сериозно му згрешил на Јехова може повторно да биде беспрекорен?

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 9:2-5; Пс 78:70-72 — Цар Давид се покајал за своите гревови и Јехова му простил; поради тоа, Јехова гледал на него како на некој кој цел живот бил беспрекорен

    • Иса 1:11-18 — Иако рекол за Израелците дека се лицемерен народ и дека се виновни за сериозни гревови, Јехова сепак ветил дека потполно ќе ги очисти ако се покаат и се променат