Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Милост

Милост

Што вклучува милоста?

  • Библиски извештаи:

    • Пс 51:1, 2 — Кога го молел Јехова за милост, цар Давид барал од него да му прости и да го исчисти од неговите гревови

    • Лк 10:29-37 — Исус дал поука за милоста со тоа што опишал како еден Самарјанин покажал сочувство и добрина кон еден Евреин

Зошто секој човек има потреба да му биде покажана милост?

Каков пример ни оставил Јехова кога станува збор за милоста?

2Мо 34:6; Не 9:17; Пс 103:8; 2Ко 1:3

  • Библиски извештаи:

    • Јов 42:1, 2, 6-10; Јк 5:11 — Јехова му покажал милост на Јов и го поучил и тој да биде милостив

    • Лк 15:11-32 — Исус покажал дека Јехова е милостив со тоа што кажал споредба за тоа како еден татко постапил со својот бунтовен син кој се покајал

Зошто Јехова ни покажува милост?

Како жртвата на Христос ни помага да добиеме простување на гревовите?

Зошто треба да го молиме Јехова да ни покажува милост и секогаш да бидеме благодарни за тоа?

Лк 11:2-4; Ев 4:16

  • Библиски извештаи:

    • Пс 51:1-4 — Цар Давид, кој се измачувал со силно чувство на вина поради гревовите што ги направил, понизно го молел Јехова за милост

    • Лк 18:9-14 — Исус употребил една споредба за да истакне дека Јехова покажува милост кон оние што понизно ги признаваат своите грешки

Зошто дури и оние што направиле сериозни гревови може да се надеваат дека ќе им биде покажана милост?

5Мо 4:29-31; Иса 55:7

  • Библиски извештаи:

    • 2Ле 33:9-13, 15 — Иако бил многу злобен цар, Манасија се покајал и го молел Јехова за милост; тој повторно станал цар и со своите постапки покажал дека навистина се сменил

    • Јон 3:4-10 — Ниневијците, кои биле познати по насилство и крвопролевање, се покајале, и Бог им покажал милост

Зошто е важно да му ги признаеме своите гревови на Јехова и да се промениме за тој да ни покаже милост?

Милосрдноста на Јехова не нѐ штити во потполност од казна, ниту пак нѐ штити од последиците од гревот што сме го направиле

Зошто треба да бидеме милосрдни?

Што би можело да се случи со нашето пријателство со Јехова ако не сме милостиви кон другите?

Мт 9:13; 23:23; Јк 2:13

Види и Из 21:13

  • Библиски извештаи:

    • Мт 18:23-35 — Исус употребил една споредба за да истакне дека на оној кој не покажува милост ни Јехова нема да му покаже милост

    • Лк 10:29-37 — Една споредба ни открива дека Јехова и Исус не се задоволни со оние што не покажуваат милост, но се задоволни со оние што постапуваат како милосрдниот Самарјанин

Како постапува Јехова со милосрдните луѓе?