Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Пари

Пари

Зошто љубовта кон парите е опасна?

Од каде знаеме дека Бог очекува од своите слуги да работат за да се грижат за своето семејство во материјален поглед?

Про 7:12; 10:19; Еф 4:28; 2Со 3:10; 1Ти 5:8, 18

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 31:38-42 — За да се грижи за своето семејство, Јаков чесно работел за Лаван иако тој постапувал неправедно со него; сепак, Јехова го благословил Јаков за неговиот труд

    • Лк 19:12, 13, 15-23 — Исус кажал една споредба од која, меѓу другото, се гледа дека во тоа време било вообичаено да се вложуваат пари за да се заработат повеќе пари

Што вели Библијата за позајмувањето пари?

Зошто е најдобро да не се задолжуваме непотребно?

  • Библиски извештаи:

    • Не 5:2-8 — Некои Израелци во времето на Неемија постапувале многу сурово со оние што им должеле пари

    • Мт 18:23-25 — Споредбата на Исус нѐ потсетува дека, ако некој должи пари и не ги врати, може да биде казнет

Кои мерки треба да ги преземеме кога се договараме околу деловни работи со некој што не е Сведок, со некој соверник или дури и со некој роднина?

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 23:14-20 — Изгледа дека, за да спречи во иднина да се појават недоразбирања и проблеми, Авраам пред сведоци купил нива со една пештера во која подоцна ја погребал Сара

    • Ере 32:9-12 — Кога купил нива од својот братучед, пророкот Еремија напишал договор, направил уште еден примерок од него и парите ги дал пред сведоци

Зошто е мудро да планираме како ќе ги трошиме парите?

Зошто не треба да дозволиме несогласувања околу пари да предизвикаат проблеми во собранието?

Како може да ги користиме парите на начин што ќе ни носи вистинска среќа?