Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поодминати години; старост

Поодминати години; старост

Што се случува со едно лице додека старее?

Пс 71:9; 90:10

Види и „Утеха — ограничувања поради болест или старост

  • Библиски извештај:

    • Про 12:1-8 — Со поетски зборови, цар Соломон опишал некои од предизвиците што ги носи староста, како што се ослабениот вид („кога ќе се помрачат оние што гледаат низ прозорците“) и ослабениот слух („кога звуците на песната ќе станат потивки“)

Дали постарите може да останат радосни и покрај предизвиците и ограничувањата што доаѓаат со староста?

2Ко 4:16-18; Јк 1:2-4

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 12:2, 23 — Остарениот пророк Самоил знаел колку е важно да продолжи и понатаму да се моли за Јеховиниот народ

    • 2Са 19:31-39 — Цар Давид му бил благодарен на остарениот Варзелај за тоа што верно го поддржувал; Варзелај скромно признал дека нема да може да извршува една задача поради своите ограничувања

    • Пс 71:9, 18 — Кога се плашел дека повеќе нема да биде корисен за Јехова поради староста, цар Давид го молел Јехова да не го отфрли, туку да му дава сила за да може да го поучува следното поколение за Него

    • Лк 2:36-38 — Пророчицата Ана, една вдовица во поодминати години, била благословена за нејзината посветеност и верна служба

Како Јехова ги уверува постарите дека се вредни во негови очи?

Пс 92:12-14; Из 16:31; 20:29; Иса 46:4; Тит 2:2-5

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 12:1-4 — На 75 годишна возраст, Авраам добил задача од Јехова која му го променила животот

    • Да 10:11, 19; 12:13 — Еден ангел дошол кај пророкот Даниел, кој имал повеќе од 90 години, за да го увери дека е скапоцен за Јехова и дека ќе биде награден за својата верност

    • Лк 1:5-13 — Јехова ги благословил Захарија и Елисавета кога биле во поодминати години така што со чудо им овозможил да добијат син, Јован

    • Лк 2:25-35 — Јехова го благословил остарениот Симеон со честа да го види бебето кое ќе станело Месијата; во таа прилика, Симеон кажал пророштво во врска со ова бебе

    • Де 7:23, 30-36 — Пророкот Мојсеј имал 80 години кога Јехова му дал задача да го води неговиот народ, Израел

Како треба да постапуваме со постарите лица кои му се верни на Јехова?

3Мо 19:32; 1Ти 5:1

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 45:9-11; 47:12 — Јосиф испратил луѓе да го донесат неговиот остарен татко, Јаков, и се грижел за него сѐ до неговата смрт

    • Рут 1:14-17; 2:2, 17, 18, 23 — Рут покажала, и со зборови и со дела, дека ја поддржува Ноемина која била во поодминати години

    • Јвн 19:26, 27 — Додека умирал на маченичкиот столб, Исус му ја доверил грижата за својата мајка на својот сакан апостол Јован

Кои се некои практични начини на кои христијаните може да им помагаат на постарите во собранието?