Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прогонство

Прогонство

Зошто христијаните треба да очекуваат дека ќе бидат прогонувани?

Зошто треба да бараме помош од Јехова кога сме прогонувани?

Пс 55:22; 2Ко 12:9, 10; 2Ти 4:16-18; Ев 13:6

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 19:1-18 — Кога бил прогонуван, пророкот Илија му го излеал своето срце на Јехова и добил охрабрување и утеха

    • Де 7:9-15 — Јосиф бил прогонуван од своите браќа, но Јехова верно останал покрај него, го спасил и го употребил за да го спаси неговото семејство

Кои се некои видови прогонство?

Вербално насилство

2Ле 36:16; Мт 5:11; Де 19:9; 1Пе 4:4

  • Библиски извештаи:

    • 2Ца 18:17-35 — Рапшакот, гласноговорник на царот на Асирија, го навредувал Јехова и ги исмејувал жителите на Ерусалим

    • Лк 22:63-65; 23:35-37 — Прогонителите го исмејувале и го навредувале Исус додека бил притворен и додека бил на маченичкиот столб

Затворање и судење

Напади од толпи

Противење од семејството или од роднините

Физичко насилство

Убиства

Како треба да се однесуваат христијаните кога се прогонувани?

Мт 5:44; Де 16:25; 1Ко 4:12, 13; 1Пе 2:23

  • Библиски извештаи:

    • Де 7:57 — 8:1 — Една насилна толпа почнала да го каменува ученикот Стефан; кратко пред да умре, тој му се помолил на Бог да им покаже милост на оние што го прогонуваат, меѓу кои бил и Савле од Тарс

    • Де 16:22-34 — Иако бил истепан и ставен во клада, апостол Павле покажал добрина кон затворскиот чувар што водело до тоа тој и неговото семејство да станат верници

Што им се случило на некои христијани во првиот век?

Како треба да гледаме на прогонството?

Како нашата надеж за иднината нѐ зајакнува кога сме прогонувани?

Зошто не треба да дозволиме поради прогонството да нѐ обземе чувство на срам, страв или обесхрабрување, и зошто не сакаме да престанеме да му служиме на Јехова?

Пс 56:1-4; Де 4:18-20; 2Ти 1:8, 12

  • Библиски извештаи:

    • 2Ле 32:1-22 — Кога цар Сенахирим донел огромна војска за да го нападне Ерусалим, верниот цар Езекија се потпрел на Јехова и го зајакнал народот; поради тоа, Јехова богато го наградил

    • Ев 12:1-3 — Прогонителите се обиделе да го засрамат Исус, но тој не мислел на срамот и не дозволил тоа да го обесхрабри во кој и да било поглед

Какви добри резултати може да произлезат од прогонството?

Кога истрајуваме под прогонство, го радуваме Јехова и му носиме слава на неговото име

1Пе 2:19, 20; 4:12-16

  • Библиски извештаи:

    • Јов 1:6-22; 2:1-10 — Иако не знаел дека Сатана стои зад ужасните неволји што ги доживеал, Јов не му свртил грб на Јехова, и со тоа му донел слава на Бог и докажал дека Сатана е лажливец

    • Да 1:6, 7; 3:8-30 — Верните Ананиј, Мисаил и Азариј (Седрах, Мисах и Авденаго) биле спремни да умрат на ужасен начин наместо да му бидат непослушни на Јехова; како резултат на тоа, паганскиот цар Навуходоносор јавно му оддал слава на Јехова

Прогонството може да води до тоа и други луѓе да добијат сведоштво за Јехова

Лк 21:12, 13; Де 8:1, 4

  • Библиски извештаи:

    • Де 11:19-21 — Христијаните кои се распрснале поради прогонство продолжиле да проповедаат надалеку и нашироко

    • Фп 1:12, 13 — Апостол Павле бил среќен дека, поради тоа што бил затворен, многу луѓе слушнале за добрата вест

Кога истрајуваме под прогонство, може да ги зајакнеме соверниците

Каква улога честопати имаат религиозните водачи и политичарите во прогонувањето на Јеховините слуги?

Ере 26:11; Мр 3:6; Јвн 11:47, 48, 53; Де 25:1-3

  • Библиски извештаи:

    • Де 19:24-29 — Оние што изработувале идоли во Ефес почнале да ги прогонуваат христијаните затоа што на нивната порака против идолопоклонството гледале како на закана за својот бизнис

    • Га 1:13, 14 — Пред да стане христијанин, Павле (Савле) бил ревносен за јудаизмот и затоа ги прогонувал христијаните

Кој стои зад прогонството на Јеховините слуги?