Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Молитва

Молитва

Од каде знаеме дека Јехова ги слуша молитвите и дека одговара на нив?

Пс 65:2; 145:18; 1Јо 5:14

Види и Пс 66:19; Де 10:31; Ев 5:7

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 18:36-38 — Јехова веднаш одговорил на молитвата на пророкот Илија за време на неговата пресметка со пророците на Ваал на планината Кармил

    • Мт 7:7-11 — Исус нѐ поттикнал да истраеме во молитва и нѐ уверил дека Јехова како еден грижлив Татко нѐ слуша

Кому единствено христијаните треба да му ги упатуваат своите молитви?

Во чие име се молиме?

Чии молитви ги слуша Бог?

Чии молитви Јехова не сака да ги слуша?

Из 15:29; 28:9; Иса 1:15; Мх 3:4; Јк 4:3; 1Пе 3:7

  • Библиски извештаи:

    • ИсН 24:9, 10 — Јехова одбил да го послуша Валаам бидејќи тоа што го барал било спротивно на Божјата волја

    • Иса 1:15-17 — Бидејќи Израелците станале лицемерни и виновни за крв, Јехова не ги слушал нивните молитви

Што е најсоодветно да се каже на крајот на една молитва, и зошто?

Дали според Библијата мора да бидеме во одредена положба кога се молиме?

Кои се некои работи за кои слугите на Јехова може да се молат кога се собрани заедно за да го обожаваат?

Де 4:23, 24; 12:5

  • Библиски извештаи:

    • 1Ле 29:10-19 — Цар Давид се молел пред Израелците кога тие доброволно принеле дарови за изградба на храмот

    • Де 1:12-14 — Апостолите, браќата на Исус, мајката на Исус, Марија, и некои други верни жени биле собрани во една горна соба во Ерусалим и заедно се молеле

Зошто кога се молиме никогаш не треба да се фалиме себеси или да се трудиме да ги воодушевиме другите?

Дали е соодветно да се молиме пред да јадеме?

Зошто никогаш не треба да престанеме да му се молиме на нашиот небесен Татко?

Ри 12:12; Еф 6:18; 1Со 5:17; 1Пе 4:7

  • Библиски извештаи:

    • Да 6:6-10 — Иако можел да биде убиен, пророкот Даниел продолжил со својата навика да му се моли на Јехова без да се крие

    • Лк 18:1-8 — Исус кажал споредба со еден неправеден судија што ѝ помогнал на една жена да добие правда бидејќи постојано го молела за тоа; преку оваа споредба, Исус покажал дека нашиот праведен Татко спремно ќе одговори на нашите непрестајни молитви за помош

Каков став треба да имаме ако сакаме Бог да нѐ слушне кога го молиме да ни прости?

2Ле 7:13, 14

  • Библиски извештаи:

    • 2Ца 22:11-13, 18-20 — Јехова му покажал милост и добрина на цар Јосија бидејќи се понизил и се трудел да го прави она што му е по волја

    • 2Ле 33:10-13 — Цар Манасија понизно се молел, поради што Јехова му простил и му ја вратил царската власт

Што треба да правиме ако сакаме Јехова да ни прости нам?

Зошто со нашите молитви треба да покажеме дека сакаме да се врши Божјата волја?

Зошто треба со вера да му се молиме на нашиот небесен Татко?

Кои се некои работи за кои е соодветно да му се молиме на Јехова?

Да се посвети Божјето име

Да дојде Божјето Царство и да завладее со целата Земја

Да се исполни Јеховината волја

За нашите материјални потреби

За простување на нашите гревови

Да нѐ заштити кога сме на искушение да направиме нешто погрешно

Да му благодариме

Да знаеме што е Божјата волја, да имаме разборитост и мудрост

Из 2:3-6; Фп 1:9; Јк 1:5

Види и Пс 119:34

  • Библиски извештај:

    • 1Ца 3:11, 12 — Јехова бил задоволен што цар Соломон побарал мудрост и го благословил со голема мудрост

За свет дух

За нашите соверници, вклучувајќи ги и оние што се прогонувани

Да го фалиме Јехова

Пс 86:12; Иса 25:1; Да 2:23

  • Библиски извештаи:

    • Лк 10:21 — Исус го фалел својот Татко пред другите бидејќи тој им ја открил вистината на оние што биле понизни како деца

    • От 4:9-11 — Ангелите му ја оддаваат на Јехова честа и славата што ја заслужува

За луѓе што се на положба да ни дозволат да го обожаваме Јехова во мир и да им проповедаме на другите

Дали може да се молиме за време на крштавањето?

Дали може да се молиме за оние што се духовно болни?

Зошто мажите обично се молат со непокриена глава, и зошто понекогаш жените треба да си ја покријат главата кога се молат?

Дали на Бог му е најважно колку се долги нашите молитви и колку емоции содржат, или пак нешто друго му е поважно?

Пл 3:41; Мт 6:7

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 18:25-29, 36-39 — Како одговор на предизвикот на Илија, пророците на Ваал му се молеле на својот бог и го повикувале со часови, но тој не им одговорил

    • Де 19:32-41 — Луѓето што ја обожавале божицата Артемида во Ефес два часа фанатично извикувале еден вид молитва во нејзина чест, но како одговор добиле само опомена од градскиот писар