Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Решавање несогласувања

Решавање несогласувања

Зошто не треба да се лутиме или да се одмаздуваме кога некој ќе нѐ повреди?

Из 20:22; 24:29; Ри 12:17, 18; Јк 1:19, 20; 1Пе 3:8, 9

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 25:9-13, 23-35 — Кога Навал ги навредил Давид и неговите луѓе и одбил да им помогне, Давид реагирал непромислено така што тргнал да ги убие него и сите машки во неговиот дом; но мудриот совет од Авигеја му помогнал на Давид да не биде виновен за крв

    • Из 24:17-20 — Под водство на светиот дух, цар Соломон ги предупредил Божјите слуги дека не треба да се радуваат кога на нивните непријатели ќе им се случи нешто лошо; треба да имаат доверба дека Јехова ќе им суди на злобните

Ако еден христијанин има несогласување со некого, дали не треба да му зборува или да држи лутина кон него?

3Мо 19:17, 18; 1Ко 13:4, 5; Еф 4:26

  • Библиски извештај:

    • Мт 5:23, 24 — Исус објаснил дека треба да направиме сѐ што можеме за да бидеме во мир со братот кој има нешто против нас

Што треба да правиме кога некој ќе нѐ повреди?

Зошто треба да им простиме дури и на оние што многупати ни згрешиле ако искрено се каат?

Ако некој соверник ни згрешил и не можеме да преминеме преку тоа, на пример, ако нѐ наклеветил или нѐ измамил, кој треба да зборува со него и со која цел?

Мт 18:15

Види и Јк 5:20

Што треба да направиме ако некој што нѐ наклеветил или нѐ измамил не сака да се покае кога зборуваме насамо со него?