Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Проучување

Проучување

Зошто еден христијанин мора редовно да ја проучува Божјата Реч?

Пс 1:1-3; Из 18:15; 1Ти 4:6; 2Ти 2:15

Види и Де 17:11

  • Библиски извештаи:

    • Пс 119:97-101 — Псалмистот ја изразил својата љубов кон Божјиот закон и кажал како му користело тоа што го применувал во животот

    • Да 9:1-3 — Бидејќи ги проучувал светите списи, пророкот Даниел можел да разбере дека на 70-годишното изгнанство на Израелците му се ближи крајот

Зошто е потребно и понатаму да го продлабочуваме своето знаење за Библијата?

Ев 6:1-3; 2Пе 3:18

  • Библиски извештаи:

    • Из 4:18 — Исто како што утринската светлина станува сѐ посилна, така и Јехова сѐ повеќе им ја разјаснува библиската вистина на оние што го сакаат

    • Мт 24:45-47 — Исус претскажал дека ќе постави еден верен и разборит роб чија одговорност ќе биде да дава духовна храна во право време во текот на последните денови

Зошто мудроста од Библијата е подобра од мудроста од која и да било книга напишана од човек?

Што ветува Јехова дека ќе им даде на оние што ја проучуваат Библијата од исправен мотив?

За да извлечеме корист од личното проучување на Библијата, за што треба да се молиме?

Зошто треба да ја користиме сета духовна храна што ја добиваме преку „верниот и разборит роб“?

Зошто треба да се трудиме да стекнеме точно познавање за она што го учи Библијата, па дури и да обрнеме внимание на деталите?

Колку е важно да стекнеме мудрост и разборитост?

Зошто треба да читаме бавно и внимателно и зошто треба длабоко да размислуваме за она што го читаме?

Зошто треба да размислуваме како она што го читаме од Божјата Реч може да го примениме во својот живот?

Зошто треба да размислуваме за тоа како може да им го објасниме на другите она што сме го научиле?

Како може да ни помогне тоа што одново и одново ќе ги проучуваме важните библиски вистини?

2Пе 1:13; 3:1, 2

  • Библиски извештај:

    • 5Мо 6:6, 7; 11:18-20 — Јехова им заповедал на своите слуги да ги всадат неговите зборови во децата и да ги поучуваат за нив во секоја прилика

Како им користи на сите членови во семејството тоа што заедно ја проучуваат Божјата Реч?

Еф 6:4

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 18:17-19 — Јехова сакал Авраам да ги поучи своите домашни да живеат во склад со неговите праведни мерила

    • Пс 78:5-7 — Во Израел се очекувало секое поколение да го поучува следното поколение за Јехова за да може народот и понатаму да има доверба во него

Како ни помага тоа што ја проучуваме Библијата заедно со нашите соверници на состаноците?

Ев 10:25

Види и Из 18:1