Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Обожавање

Обожавање

Кого единствено треба да го обожаваме?

2Мо 34:14; 5Мо 5:8-10; Иса 42:8

  • Библиски извештаи:

    • Мт 4:8-10 — Сатана му рекол на Исус дека ќе му ги даде сите царства на светот ако изврши еден чин на обожавање во негова чест; Исус ја одбил понудата и бил решен да го обожава само Јехова

    • От 19:9, 10 — Еден моќен ангел не му дозволил на апостол Јован да му се поклони, и со тоа да изврши чин на обожавање

Како Јехова очекува да го обожаваме?

Јвн 4:24; Јк 1:26, 27

  • Библиски извештаи:

    • Иса 1:10-17 — Јехова го презира и не го прифаќа лицемерниот начин на обожавање од луѓе кои не живеат според неговите мерила

    • Мт 15:1-11 — Исус покажал дека Јехова не сака нашето обожавање да биде формално, односно да се темели на човечки традиции наместо на Божјите закони

Со кого треба да го обожаваме Јехова секогаш кога е можно?

Ев 10:24, 25

Види и Пс 133:1-3

  • Библиски извештаи:

    • Де 2:40-42 — Во првиот век, христијаните се собирале за да поминуваат време заедно, за да се молат и за да проучуваат

    • 1Ко 14:26-40 — Апостол Павле напишал дека собраниските состаноци треба да бидат охрабрувачки и добро организирани за сите да можат да учат и да го разберат она што го слушаат

Што треба да правиме за да бидеме сигурни дека Јехова ќе го прифати нашето обожавање?

Мт 7:21-24; 1Јо 2:17; 5:3

  • Библиски извештаи:

    • Ев 11:6 — Апостол Павле објаснил дека е неопходно да имаме вера ако сакаме да го обожаваме Јехова на прифатлив начин

    • Јк 2:14-17, 24-26 — Јаков, братот на Исус, објаснил дека нашата вера мора да ја покажеме и со дела; верата нѐ поттикнува на дела

Која е најважната работа што еден христијанин може да ја извршува?

Зошто сакаме да го даваме своето најдобро во службата за Јехова?

Зошто не треба да очекуваме дека сите ќе прават подеднакво во службата за Јехова?

Га 6:3-5

  • Библиски извештаи:

    • Мт 25:14, 15 — Споредбата на Исус покажува дека тој не очекува од сите свои следбеници да прават подеднакво во службата

    • Лк 21:2-4 — Исус кажал дека малиот прилог што го дала сиромашната вдовица имал голема вредност

Од каде добиваме сила за да ги извршуваме задачите во службата за Јехова?

2Ко 4:7; Еф 3:20, 21; Фп 4:13

  • Библиски извештај:

    • 2Ти 4:17 — Апостол Павле рекол дека добил сила тогаш кога му била најпотребна

Зошто тоа што трудољубиво ја извршуваме службата за Јехова ни носи радост?