Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ

ЛЕКЦИЈА 1

Искрен интерес

Искрен интерес

Начело: „Љубовта... не ја бара својата корист“ (1. Кор. 13:4, 5)

Што направил Исус?

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Јован 4:6-9. Потоа размисли за следниве прашања:

  1.   а) Што забележал Исус во врска со жената пред да започне разговор со неа?

  2.  б) Исус рекол: „Дај ми да пијам“. Зошто ова било добар начин да го започне разговорот?

Што учиме од Исус?

2. Поголема е веројатноста дека ќе имаме добар разговор ако започнеме со тема што го интересира другото лице.

Следи го примерот на Исус

3. Биди приспособлив. Не се обидувај по секоја цена да започнеш разговор на тема за која ти си се подготвил. Започни со некоја тема за која другите размислуваат во моментот. Прашај се:

  1.   а) „Што е актуелно на вестите?“

  2.  б) „За што зборуваат моите соседи, колеги или соученици?“

4. Набљудувај. Прашај се:

  1.   а) „Што прави лицето во моментот? За што би можело да размислува?“

  2.  б) „Што можам да дознаам од облеката, изгледот или домот на лицето во врска со неговите верувања или култура?“

  3.  в) „Дали ова е вистинското време да зборувам со него?“

5. Слушај.

  1.   а) Немој премногу да зборуваш.

  2.  б) Поттикни го лицето да го искаже своето мислење. Кога е соодветно, поставувај прашања.