Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ

ЛЕКЦИЈА 2

Природност

Природност

Начело: „Збор кажан во право време — колку е добар!“ (Изр. 15:23)

Што направил Филип?

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Дела 8:30, 31. Потоа размисли за следниве прашања:

  1.   а) Како Филип го започнал разговорот?

  2.  б) Зошто ова било природен начин да го започне разговорот и да му пренесе една нова вистина на дворјанинот?

Што учиме од Филип?

2. Ако дозволиме разговорот да тече природно, поголема е веројатноста дека лицето ќе биде опуштено и дека ќе сака да разговара за нашата порака.

Следи го примерот на Филип

3. Набљудувај. Изразите на лицето и говорот на телото може многу да ни откријат. Дали имаш впечаток дека лицето сака да разговара со тебе? Би можел да почнеш да зборуваш за некоја библиска вистина така што едноставно ќе го прашаш: „Дали си знаел дека...?“ Немој со сила да зборуваш со некој што не сака да разговара.

4. Биди стрплив. Немој да мислиш дека треба веднаш да почнеш да зборуваш за нешто од Библијата. Чекај го вистинскиот момент за тоа за да биде природно. Понекогаш, тоа можеби ќе значи дека ќе треба да чекаш до следниот разговор со лицето.

5. Биди приспособлив. Разговорот може да тргне во неочекуван правец. Затоа, биди спремен да спомнеш нешто што му е важно на лицето, дури и ако тоа значи дека нема да зборуваш за она што ти си го имал на ум.