Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ

ЛЕКЦИЈА 5

Тактичност

Тактичност

Начело: „Вашиот збор секогаш нека биде пријатен“ (Кол. 4:6)

Што направил Павле?

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Дела 17:22, 23. Потоа размисли за следниве прашања:

  1.   а) Како се чувствувал Павле кога видел дека во Атина се раширени верувањата на лажната религија? (Види Дела 17:16.)

  2.  б) Наместо да ги осуди Атињаните, како Павле на тактичен начин ги искористил нивните верувања за да им ја пренесе добрата вест?

Што учиме од Павле?

2. Поголема е веројатноста дека луѓето ќе нѐ слушаат ако внимателно размислиме што ќе кажеме, како ќе го кажеме и кога ќе го кажеме.

Следи го примерот на Павле

3. Внимателно размисли што ќе кажеш. На пример, ако зборуваш со лице кое не припаѓа на некоја христијанска религија, можеби ќе треба да го приспособиш начинот на кој ќе ја воведеш Библијата или начинот на кој ќе укажеш на Исус.

4. Немој веднаш да го исправаш лицето. Дозволи му слободно да си го искаже мислењето. Ако каже нешто што не е во склад со библиските учења, немој да се докажуваш (Јак. 1:19). Ако го сослушаш, ќе дознаеш во што верува и зошто (Изр. 20:5).

5. Согласи се со него и пофали го кога тоа е соодветно. Тој можеби искрено верува дека неговите верувања се исправни. На почеток, потруди се да зборуваш за нешто за кое и двајцата се согласувате, а потоа постепено помагај му да го разбере она што го учи Библијата.