Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПРАВЕЊЕ ПОВТОРНИ ПОСЕТИ

ЛЕКЦИЈА 8

Стрпливост

Стрпливост

Начело: „Љубовта е долготрпелива“ (1. Кор. 13:4)

Што направил Исус?

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Јован 7:3-5 и 1. Коринќаните 15:3, 4, 7. Потоа размисли за следниве прашања:

  1.   а) Како браќата на Исус на почетокот реагирале на неговата порака?

  2.  б) Што покажува дека Исус не кренал раце од својот брат Јаков?

Што учиме од Исус?

2. Треба да бидеме стрпливи бидејќи на некои луѓе им треба повеќе време за да ја прифатат добрата вест.

Следи го примерот на Исус

3. Пробај со друг пристап. Ако лицето не сака веднаш да прифати да ја проучува Библијата, немој да му вршиш притисок. Кога е соодветно, користи видеоклипови или статии за да му помогнеш да дознае како изгледа еден библиски курс и како ќе му користи тоа што ќе ја проучува Библијата.

4. Не го споредувај со други. Секој човек е различен. Доколку некој член од твоето семејство или некој твој интересент се двоуми дали да ја проучува Библијата или дали да прифати некое библиско учење, размисли која е можеби причината за тоа. Дали некое религиозно учење му е многу важно? Дали се соочува со притисок од роднините или од соседите? Дај му време да размисли за она што го кажуваш и да стекне ценење за она што го кажува Библијата.

5. Моли се за интересентот. Моли го Јехова да ти помогне да останеш позитивен и тактичен. Освен тоа, моли се за да сфатиш кога е време да престанеш да го посетуваш некого што не е вистински заинтересиран (1. Кор. 9:26).