Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

‚Никогаш нема да прекрати летото и зимата‘

‚Никогаш нема да прекрати летото и зимата‘

Раскошот На Јеховиното Творештво

‚Никогаш нема да прекрати летото и зимата‘

ВРЕЛОТО сонце ја пече пустината. Во другите делови на Земјата, по ладната зима тоа донесува топлина. Да, сончевата топлина е еден од главните фактори за постоењето на климата и годишните времиња.

По целата Земја постојат најразлични временски услови. Но, како влијаат годишните времиња врз тебе? Те радува ли освежувачката пролетна ведрина кога гледаш како се будат дрвјата и цвеќињата? Што мислиш за пријатните летни ноќи? Уживаш ли во свежите есенски денови со нивниот блескав раскош од разнобојно лисје? Те смирува ли глетката на шума прекриена со снег?

Што ги предизвикува годишните времиња? Кратко кажано, наклонот на Земјата. Нејзината оска на ротација е наклонета околу 23,5 степени во однос на нивото на орбитата на Земјата околу Сонцето. Да не е наклонета оската на Земјата, не би имало годишни времиња. Климата би била иста цело време. Тоа би влијаело врз вегетацијата и врз сезоните на жетва.

Во менувањето на годишните времиња човек може да ја види раката на Творецот. Обраќајќи му се на Јехова Бог, псалмистот соодветно рекол: „Ти ги создаде сите граници на земјата, Ти ги создаде летото и зимата“ (Псалм 74:17). *

Од гледна точка на еден набљудувач од Земјата, небесните тела служат како непогрешливи показатели за годишните времиња. Кога го создавал нашиот сончев систем, Бог објавил: „Нека бидат светила на небесниот свод . . . нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините“ (Битие 1:14). Во текот на една година, Земјата во својата орбита достигнува две точки кога напладне сонцето се наоѓа директно над екваторот. Таа појава се вика рамноденица и во многу земји со неа се означува почетокот на пролетта и на есента. За време на рамноденицата периодите на ден и ноќ се речиси еднакви по целата Земја.

Во постоењето и започнувањето на годишните времиња не се вклучени само астрономски движења. Годишните времиња, климата и времето се меѓусебно поврзани во еден сложен систем што го одржува животот. Кога им зборувале на луѓето што живееле во Мала Азија — од кои повеќето биле добро упатени во земјоделието и производството на храна — христијанскиот апостол Павле и неговиот придружник Варнава изјавиле дека Бог е оној кој ‚ви дава дождови од небото и плодни раздобја, полнејќи ги до ситост вашите срца со храна и веселост‘ (Дела 14:14—17).

Чудесниот процес на фотосинтеза ја поддржува вегетацијата на копното, а фитопланктонот во морињата. Поради ова, сегашниот синџир на исхрана и мрежата на биолошка разноликост реагираат на времето и на климата на сложени начини. Павле добро укажал на Јеховината рака во тоа кога рекол: „Земјата која го впива дождот што често паѓа на неа, и потоа раѓа вегетација која им одговара на оние за кои таа и се обработува, за возврат прима благослов од Бог“ (Евреите 6:7).

Зборот „благослов“ добива ново значење ако застанеш и размислиш што се случува на оние места каде што пролетта донесува умерени температури, подолги денови, повеќе сонце и поволни дождови. Цветовите цутат а инсектите излегуваат од нивните зимски прибежишта, спремни да ги опрашат растенијата. Птиците, како сината креја што ја гледаш овде, ја исполнуваат шумата со бои и песни, а пределот живнува. Пулсот на животот се забрзува и организмите продолжуваат со својот циклус на раѓање, повторно раѓање и растење (Песна над песни 2:12, 13). Ова ја подготвува сцената за жетва при крајот на летото или наесен (Излез 23:16).

Јеховините дела прекрасно се видливи во начинот како ја поставил Земјата, со тоа ни дал ден и ноќ, годишни времиња и време за сеидба и за жетва. Сигурни сме дека по зимата ќе дојде лето. Всушност, лично Бог ветил: „Сѐ додека постои земјата, Никогаш нема да прекратат: Сеидба и жетва, Студот и горештината, Летото и зимата, денот и ноќта“ (Битие 8:22).

[Фуснота]

^ Види Календар на Јеховините сведоци за 2004, јули⁠/​август.

[Рамка/слика на страница 9]

Сателит пресуден за животот

Низ вековите, месечината ги инспирирала и ги воодушевувала луѓето. Меѓутоа, сфаќаш ли дека месечината влијае врз годишните времиња? Месечината помага да се регулира наклонетоста на Земјата, т.е. степенот на наклон на нејзината оска на вртење. Ова игра „клучна улога за на Земјата да се создадат услови што ќе го одржуваат животот“, изјавува авторот од полето на науката Ендрју Хил. Доколку не постои голем природен сателит кој ќе го стабилизира наклонот на оската на нашата планета, температурите ќе се зголемат и веројатно животот на Земјата би бил невозможен. Според тоа, еден тим астрономи заклучил: „Човек може да смета дека Месечината дејствува како потенцијален регулатор на климата на Земјата“ (Псалм 104:19)

[Извор на слика]

Месечина: U.S. Fish & Wildlife Service, Washington, D.C./Bart O’Gara

[Слика на страница 9]

Камили, (Северна Африка и Арапски Полуостров)