Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што е Божјето Царство?

Што е Божјето Царство?

Што е Божјето Царство?

КОЛКУ страшна неволја го погодила човештвото во почетокот на неговата историја! Еден ангел се побунил против авторитетот на Оној што го создал. Оваа побуна ја навела првата жена, Ева, да јаде од забранетиот плод. Нејзе и на нејзиниот сопруг, Адам, ангелот им го рекол следново: „Навистина не ќе умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото“ (Битие 2:16, 17; 3:1-5). Бунтовниот ангел бил наречен Ѓавол и Сатана (Откровение 12:9).

Дали Ева обрнала внимание на зборовите на Сатана? Библијата ни кажува: „Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше“ (Битие 3:6). Да, првиот брачен пар, Адам и Ева, му се придружил на Сатана во побуната. Како последица на тоа, го изгубиле правото за живот во Рај за себе и за своите потомци. Децата што требало да се родат совршени и да живеат вечно, наместо тоа наследиле грев и смрт (Римјаните 5:12).

Како реагирал на ова Јехова Бог, Севишниот Владетел на универзумот? Тој одлучил да направи нешто за да ни бидат простени гревовите (Римјаните 5:8). Освен тоа, Јехова Бог воспоставил една влада за да го реши проблемот. Таа влада е наречена ‚Божје царство‘ (Лука 21:31). Тоа е под Божјата врховна власт и има конкретна цел.

Која е целта на Божјето Царство? Кои се некои негови карактеристики и какви се во споредба со човечките влади? Кога ова Царство започнало да владее? Овие прашања ќе бидат разгледани во следната статија.