Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што се „последните денови“?

Што се „последните денови“?

Што се „последните денови“?

ДАЛИ се прашуваш што ви носи иднината на тебе и на твоите најблиски? Многу луѓе им посветуваат големо внимание на средствата за јавно информирање за да дознаат какво влијание би можеле да имаат светските настани врз нивниот живот. Меѓутоа, за да стекнеме вистински увид, треба да ѝ обрнеме внимание на Божјата вдахновена реч, Библијата. Таа не само што одамна ја прорекла денешната состојба, туку и она што допрва ќе дојде.

На пример, кога Исус Христос бил на Земјата, тој многу зборувал за Божјето Царство (Лука 4:43). Логично, луѓето што го слушале сакале да знаат кога ќе дојде тоа прекрасно Царство. Всушност, три дена пред Исус да биде неправедно убиен, неговите ученици го прашале: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност [како владетел на Царството] и на свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3). Исус им рекол дека само Јехова Бог го знаел точното време кога Царството ќе ја преземе целата власт над Земјата (Матеј 24:36; Марко 13:32). Меѓутоа, Исус и други прорекле некои настани на Земјата што ќе служеле како доказ дека Христос владее како Цар на тоа Царство.

Пред да ги истражиме видливите докази дека живееме во „последните денови“ од овој поредок, да разгледаме накратко еден важен настан што се случил во невидливото духовно подрачје (2. Тимотеј 3:1). Исус Христос станал Цар на небото во 1914 година a (Даниел 7:13, 14). Веднаш откако ја добил царската власт, Исус презел акција. Библијата вели: „Избувна војна на небото: Михаел и неговите ангели се бореа против змејот. И змејот се бореше заедно со своите ангели“ (Откровение 12:7). „Архангелот Михаел“ е Исус Христос во својата положба што ја има на небото b (Јуда 9; 1. Солуњаните 4:16). Змејот е Сатана Ѓаволот. Каков бил исходот од оваа војна за Сатана и неговите зли ангели, наречени демони? Тие ја загубиле војната и биле ‚исфрлени‘, или истерани од небото, во близина на Земјата (Откровение 12:9). Затоа се веселеле ‚небесата и оние што живеат на нив‘, а тоа се верните духовни Божји синови. Но, луѓето не доживеале таква радост. Библијата прорекла: „Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“ (Откровение 12:12).

Сатана, во својот гнев, им донел тешкотии — страдања и неволји — на оние што живеат на Земјата. Меѓутоа, тие тешкотии ќе траат само „кратко време“. Библијата го нарекува ова време „последните денови“. Можеме да се радуваме што наскоро влијанието на Ѓаволот врз Земјата ќе биде потполно отстрането. Но, каков доказ постои дека живееме во последните денови?

[Фусноти]

b За повеќе информации, види во Што навистина учи Библијата?, на 218. и 219. страница, издадена од Јеховините сведоци.

[Извори на слики на страница 2]

COVER: Foreground: © Chris Stowers/​Panos Pictures; background: FAROOQ NAEEM/​AFP/​Getty Images