Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вечен дар од Творецот

Вечен дар од Творецот

Вечен дар од Творецот

ЗАРЕМ не зачудува тоа што првото поглавје од Библијата или ги спомнува или, пак, директно укажува на условите кои, според научниците, се неопходни за живот на која и да било планета? Кои се тие услови?

За да може животот да цвета, мора да има големо количество вода, и ова е спомнато во 1. Мојсеева 1:2. За водата да биде во течна состојба, неопходно е на планетата да има одредена температура. Ова е можно само ако планетата е на точно определено растојание од нејзиното сонце. Во извештајот од 1. Мојсеева, неколку пати се укажува на Сонцето и на неговото влијание врз Земјата.

За да може да биде населена со луѓе, на планетата ѝ е потребна атмосфера со одредена смеса гасови. Овој неопходен аспект е спомнат во 1. Мојсеева 1:6-8. Растот на растенијата, кој е опишан во 1. Мојсеева 1:11, 12, придонесува за изобилство од кислород во атмосферата. За да живеат најразлични животни на планетата, потребни се континенти со сува, плодна почва, а за тоа зборува 1. Мојсеева 1:9-12. И, на крај, за да има умерена клима, планетата треба да биде под одреден наклон и нејзината оска треба да е стабилна — во случајот со Земјата, ова делумно се постигнува со гравитацијата на Месечината. На постоењето на овој Земјин сателит и на користите од него се укажува во 1. Мојсеева 1:14, 16.

Како можел древниот писател Мојсеј, без помошта на современата наука, да ги знае горенаведените работи? Дали едноставно бил пред своето време и затоа го разбирал нивното значење? Одговорот е — тој бил вдахновен од Творецот на небесата и на Земјата. Ова го потврдува научната точност на извештајот изнесен во 1. Мојсеева.

Библијата потврдува дека чудата што ги гледаме во вселената околу нас се создадени со цел. Псалм 115:16 вели: „Небесата му припаѓаат на Јехова, а земјата им ја дал на синовите човечки“. Во еден друг Псалм стои: „Ја утврди земјата на нејзините темели; нема да се разниша довека, за сета вечност“ (Псалм 104:5). Ако вселената и нашата прекрасна планета биле замислени и создадени од еден Творец, тогаш сигурно не е тешко да се верува дека Тој е способен и да ги одржува. Ова значи дека со доверба можеш да го очекуваш исполнувањето на следново прекрасно ветување: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29). Биди сигурен, Бог ‚не ја создал земјата залудно‘ туку ја ‚обликувал за да биде населена‘ засекогаш со благодарни луѓе што ги ценат неговите дела (Исаија 45:18).

Библијата вели дека Исус дошол на Земјата за да нѐ поучи за Бог и да ни ја објави Неговата намера да им даде вечен живот на послушните луѓе (Јован 3:16). Ние сме уверени дека наскоро Бог ќе ‚ги уништи оние што ја уништуваат земјата‘, а ќе преживеат мирољубивите луѓе од сите народи кои го прифаќаат она што Тој го прави за нивно спасение (Откровение 7:9, 14; 11:18). Колку прекрасен ќе биде животот кога луѓето ќе можат во сета вечност да ги откриваат и да уживаат во чудата на Божјето создавање! (Проповедник 3:11; Римјаните 8:21).

[Извор на слика на страница 8]

Фотографија на НАСА