Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали си подготвен за Јеховиниот ден?

Дали си подготвен за Јеховиниот ден?

Дали си подготвен за Јеховиниот ден?

„Близу е големиот ден на Јехова. Близу е и доаѓа многу брзо“ (СОФОНИЈА 1:14).

1-3. а) Што вели Библијата за Јеховиниот ден? б) Кој ‚Јеховин ден‘ е на прагот?

 ЈЕХОВИНИОТ голем ден нема да трае 24 часа. Тоа е подолг период во кој Бог ќе го изврши својот суд над злите. Безбожниците имаат причина да се плашат од тој ден на темнина, ден на јарост и на пламнат гнев, ден на неволја и пустошење (Исаија 13:9; Амос 5:18-20; Софонија 1:15). Пророштвото на Јоил вели: „Леле, каков ден! Зашто, денот Јеховин е близу, доаѓа како опустошување од Семоќниот!“ (Јоил 1:15). Но, во тој голем ден, Бог ќе им биде Спасител на сите оние што имаат „чесно срце“ (Псалм 7:10).

2 Изразот „Јеховиниот ден“ се однесува на извршувањето на Божјиот суд во различни периоди од историјата. На пример, „Јеховиниот ден“ дошол врз жителите на Ерусалим кога Бог ги употребил Вавилонците да го извршат неговиот суд над нив во 607 год. пр.н.е. (Софонија 1:4-7). Слично извршување на Божјиот суд имало и во 70 год. од н.е., кога Бог ги употребил Римјаните да ја спроведат неговата пресуда над еврејскиот народ што го отфрлил неговиот Син (Даниел 9:24-27; Јован 19:15). Но, Библијата содржи и пророштва за еден ‚Јеховин ден‘ кога тој ‚ќе војува против сите народи‘ (Захарија 14:1-3). Под водство на светиот дух, апостол Павле го поврзал тој ден со Христовата присутност, која започнала кога Исус бил устоличен како небесен Цар во 1914 год. (2. Солуњаните 2:1, 2). Со оглед на тоа што сите докази околу нас укажуваат дека Јеховиниот ден е на прагот, сосема е соодветен годишниот стих на Јеховините сведоци за 2007 год. Тој е земен од Софонија 1:14, и гласи: „Близу е големиот ден на Јехова“.

3 Бидејќи Божјиот голем ден е близу, сега е време да се подготвиме за него. Како можеш да се подготвиш за тој ден? Дали треба да направиш додатни промени за да бидеш подготвен за Јеховиниот ден?

Бидете подготвени!

4. За кој тежок испит се подготвил Исус?

4 Во своето пророштво за свршетокот на овој поредок, Исус Христос им рекол на своите ученици: „Бидете подготвени“ (Матеј 24:44). Кога Исус го кажал ова, самиот бил подготвен за еден тежок испит — да умре како откупна жртва (Матеј 20:28). Што учиме од начинот на кој Исус се подготвил за тој испит?

5, 6. а) Како љубовта кон Бог и кон луѓето ни помага да се подготвиме за Јеховиниот ден? б) Каков пример ни дал Исус во врска со љубовта кон ближните?

5 Исус од сѐ срце го сакал Јехова и Неговите праведни мерила. Во врска со Исус, Евреите 1:9 вели: „Ја сакаше праведноста и го мразеше беззаконието. Затоа Бог, твојот Бог, те помаза со маслото на радоста повеќе отколку твоите другари“. Бидејќи го сакал својот небесен Татко, Исус му останал верен. Ако и ние го сакаме Бог како што го сакал Исус и ако живееме во склад со неговите барања, Тој ќе нѐ чува (Псалм 31:23). Таквата љубов и послушност ќе ни помогнат да се подготвиме за големиот Јеховин ден.

6 Многу јасно можело да се види дека Исус ги сака и луѓето. Всушност, ‚тој се сожалил на нив, бидејќи биле измачени и расеани како овци без пастир‘ (Матеј 9:36). Затоа им ја проповедал добрата вест. Истата љубов нѐ поттикнува и нас да им ја објавуваме пораката за Царството на нашите ближни. Бидејќи ги сакаме Бог и нашите ближни, ние ја извршуваме христијанската служба, и со тоа се подготвуваме за големиот Јеховин ден (Матеј 22:37-39).

7. Зошто можеме да се радуваме додека го очекуваме Јеховиниот ден?

7 Исус со задоволство ја извршувал Јеховината волја (Псалм 40:8). Ако го имаме истиот став, и ние со радост ќе му вршиме света служба на Бог. Исто како Исус, несебично ќе се даваме за другите, и така ќе бидеме навистина среќни (Дела 20:35). Да, „Јеховината радост е [наша] тврдина“. Со неа ќе бидеме подобро подготвени за Божјиот голем ден (Неемија 8:10).

8. Зошто треба да стануваме сѐ поблиски со Јехова преку молитва?

8 Горливите молитви што Исус му ги упатувал на Бог му помогнале да се подготви за испитите на верата. Тој се молел кога Јован го крстил. Се молел цела ноќ пред да ги избере своите апостоли (Лука 6:12-16). И зарем има некој што, кога ќе ја чита Библијата, нема да биде трогнат од искрените молитви што Исус му ги упатил на Бог последната ноќ од својот живот на Земјата? (Марко 14:32-42; Јован 17:1-26). Дали и ти се молиш често како што се молел Исус? Пристапувај му на Јехова постојано, моли го долго, барај водство од светиот дух и спремно прифаќај го тоа водство кога ќе видиш дека го добиваш. Во ова критично време, кога Божјиот голем ден брзо наближува, неопходно е да имаме цврсто пријателство со нашиот небесен Татко. Затоа, по секоја цена користи ги молитвите за да стануваш сѐ поблизок со Јехова (Јаков 4:8).

9. Колку важно треба да ни биде посветувањето на Јеховиното име?

9 На Исус му помогнало да се подготви за испитите и тоа што многу сакал да биде оправдано Јеховиното свето име. Всушност, тој ги поучил своите следбеници, кога му се молат на Бог, да го вклучат и следново барање: „Да се свети името твое“ (Матеј 6:9). Ако копнееме да се посвети Јеховиното име, ќе се трудиме да не направиме ништо со што ќе го засрамиме. Како резултат на тоа, ќе бидеме подобро подготвени за големиот Јеховин ден.

Треба ли да направиш некои промени?

10. Зошто е на место да се преиспитаме како живееме?

10 Ако Јеховиниот ден дојде утре, дали навистина ќе бидеш подготвен за него? Сите ние треба да се преиспитаме како живееме за да видиме дали треба да смениме некои постапки или ставови. Со оглед на тоа што денешниот човечки живот е краток и несигурен, секој од нас треба да биде духовно буден секој ден (Проповедник 9:11, 12; Јаков 4:13-15). Затоа, да размислиме за неколку фактори на кои можеби треба да обрнеме внимание во животот.

11. Која е твојата цел во врска со читањето на Библијата?

11 Главна работа за која треба да размислиме е дали го слушаме советот од ‚верниот роб‘ секојдневно да ја читаме Библијата (Матеј 24:45). Можеш да си поставиш цел да ја прочиташ Божјата реч од 1. Мојсеева до Откровение еднаш годишно, и притоа длабоко да размислуваш за она што си го прочитал. Ако читаш околу четири поглавја дневно, за една година можеш да ги прочиташ сите 1.189 поглавја од Библијата. Секој израелски цар требало да го чита Јеховиниот закон „во сите денови на својот живот“. Очигледно, нешто слично правел и Исус Навин (5. Мојсеева 17:14-20; Исус Навин 1:7, 8). Колку е важно и духовните пастири да ја читаат Божјата реч секој ден за да можат да зборуваат во склад со „здравото учење“! (Тит 2:1).

12. Што треба да бидеш поттикнат да правиш со оглед на тоа што Јеховиниот ден е близу?

12 Близината на Јеховиниот ден треба да те поттикне редовно да одиш на христијанските состаноци и да учествуваш на нив колку што е можно повеќе (Евреите 10:24, 25). Тоа ќе ти помогне да ги подобриш своите вештини како објавител на Царството, кој се труди да ги пронајде и да им помогне на оние што исправно гледаат на вечниот живот (Дела 13:48). Можеби би можел да бидеш поактивен во собранието и на друг начин, на пример, така што ќе им помагаш на постарите и ќе ги храбриш младите. Тоа навистина може да ти причини огромна радост!

Твоите односи со другите

13. Кои прашања би можеле да си ги поставиме во врска со облекувањето на новата личност?

13 Бидејќи Јеховиниот ден е на прагот, дали треба да се потрудиш уште повеќе да ја ‚облечеш новата личност, која е создадена по Божја волја во вистинска праведност и верност‘? (Ефешаните 4:20-24). Ако ги развиваш особините што ги има Бог, другите веројатно ќе видат дека ‚живееш според Божјиот дух‘ и ги покажуваш неговите плодови (Галатите 5:16, 22-25). Можеш ли да наведеш некои конкретни постапки што покажуваат дека ти и сите други од твоето семејство сте ја облекле новата личност? (Колошаните 3:9, 10). На пример, дали си познат по тоа што им правиш добро на соверниците и на другите? (Галатите 6:10). Ако редовно ја проучуваш Библијата, тоа ќе ти помогне да ги развиваш особините што ги има Бог и ќе те подготви за Јеховиниот ден.

14. Зошто треба едно лице да се моли за свет дух додека се труди да има поголемо самосовладување?

14 Што ако брзо се лутиш и сфаќаш дека ти треба поголемо самосовладување? Оваа особина е еден од плодовите што Божјиот свет дух може да ги произведе кај тебе. Затоа, моли се за свет дух, во склад со следниве зборови на Исус: „Молете, и ќе ви се даде! Барајте, и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори!.. Ако вие, иако сте зли, знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа!“ (Лука 11:9-13).

15. Што треба да сториш ако имаш затегнати односи со некој соверник?

15 Да речеме дека имаш затегнати односи со некој соверник. Ако е така, дај сѐ од себе да го премостиш јазот и, на тој начин, да помогнеш да се зачува мирот и единството во собранието (Псалм 133:1-3). Примени го советот што го дал Исус, кој е запишан во Матеј 5:23, 24 и Матеј 18:15-17. Ако си дозволил сонцето да зајде, а сѐ уште си чувствувал лутина, брзо расчисти ги работите. Честопати е потребна само една работа — спремност да се прости. Павле напишал: „Бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг како што и Бог преку Христос спремно ви прости вам“ (Ефешаните 4:25, 26, 32).

16. Во која смисла е потребно да се покажува сомилост во бракот?

16 И во бракот е потребно да се покажува сомилост, а понекогаш треба и да се прости. Ако има потреба да бидеш посочувствителен и пољубезен со својот брачен другар, работи на оваа цел барајќи помош од Бог и од неговата Реч. Дали можеш да сториш нешто за да ги послушаш зборовите од 1. Коринќаните 7:1-5, и така да го намалиш стресот и да не направиш прељуба? Ова сигурно е едно поле од животот на кое од мажот или од жената се бара да покажуваат сомилост.

17. Кои чекори треба да ги преземе тој што направил тежок грев?

17 Што ако си направил некој тежок грев? Веднаш преземи чекори да ја поправиш ситуацијата. Без двоумење побарај помош од христијанските старешини. Со своите молитви и совети, тие ќе ти помогнат духовно да закрепнеш (Јаков 5:13-16). Моли му се на Јехова и покажи му дека искрено се каеш. Ако не го сториш тоа, ќе те измачува чувството на вина и ќе имаш нечиста совест. Давид се нашол во таква ситуација, но кога му го признал својот грев на Јехова, почувствувал огромно олеснување. Тој напишал: „Среќен е оној кому престапот му е простен, кому гревот му е покриен. Среќен е човекот кому Јехова не му ги става на сметка грешките и во чие срце нема измама“ (Псалм 32:1-5). Јехова им простува на оние што грешат, но се каат од дното на душата (Псалм 103:8-14; Изреки 28:13).

Немој да бидеш дел од светот

18. Како треба да гледаш на светот?

18 Без сомнение, ти со нетрпение го чекаш прекрасниот нов свет што ни го ветил нашиот небесен Татко. Но, како гледаш на денешниов свет од неправедни луѓе кои се отуѓени од Бог? Сатана, „владетелот на овој свет“, немал власт над Исус Христос (Јован 12:31; 14:30). Сигурно не сакаш Ѓаволот и неговиот свет да имаат власт ни над тебе. Затоа, земи ги присрце зборовите на апостол Јован: „Немојте да го сакате ниту светот ниту она што е во светот!“ Тоа е мудра одлука, бидејќи „светот поминува и неговата желба, но оној што ја врши Божјата волја, останува засекогаш“ (1. Јованово 2:15-17).

19. Какви цели се поттикнати да си постават младите?

19 Дали им помагаш на твоите деца ‚да се чуваат од валканоста на овој свет‘? (Јаков 1:27). Сатана сака да ги фати на мамка твоите деца исто како што еден човек фаќа риба на јадица. Денес постојат најразлични клубови и други организации чија цел е да им помогнат на младите да се вклопат во Сатановиот свет. Но, Јеховините слуги веќе припаѓаат на единствената организација што ќе го преживее крајот на овој злобен поредок. Затоа младите христијани треба да бидат поттикнати да бидат „зафатени во делото на Господарот“ (1. Коринќаните 15:58). Побожните родители треба да им помогнат на децата да си постават цели што ќе им донесат среќен и исполнет живот, кој му носи чест на Бог и им помага да се подготват за Јеховиниот ден.

Мисли на она што доаѓа по Јеховиниот голем ден

20. Зошто треба да го задржиме на ум вечниот живот?

20 Ќе можеш со мирна душа да го чекаш Јеховиниот ден ако го задржиш на ум вечниот живот (Јуда 20, 21). Тебе те очекува вечен живот во Рајот, и затоа имаш надеж дека тогаш, со обновен младешки жар, ќе имаш неограничено време да работиш на корисни цели и да учиш уште повеќе за Јехова. Всушност, за Бог ќе учиш засекогаш бидејќи луѓето денес знаат „само делчиња од неговите дела“ (Јов 26:14). Навистина, колку возбудлива иднина лежи пред нас!

21, 22. За што ќе можеш да разговараш со воскреснатите?

21 Во Рајот, воскреснатите ќе можат да пополнат некои од празнините во нашето познавање на минатото. Таму ќе биде Енох да ни објасни како имал храброст да им ја објави Јеховината порака на безбожниците (Јуда 14, 15). Ное сигурно ќе ни каже како ја градел арката. Авраам и Сара ќе ни кажат како се чувствувале кога го напуштале удобниот живот во Ур и живееле во шатори. Помисли и на Естира која во детали ќе може да ни раскаже како се заложила за својот народ и како бил спречен заговорот што Аман го сковал против нив (Естира 7:1-6). Јона ќе ни раскаже како ги поминал трите дена во стомакот на рибата, а Јован Крстител ќе може да ни опише како се чувствувал кога го крстил Исус (Лука 3:21, 22; 7:28). Има толку многу интересни работи што ќе ги дознаеме тогаш!

22 Во текот на Христовото илјадагодишно Царство, веројатно ќе имаш чест да им помогнеш на воскреснатите да го стекнат „знаењето за Бог“ (Изреки 2:1-6). Колку сме среќни денес кога гледаме како луѓето учат за Јехова Бог и постапуваат во склад со тоа знаење! Но, замисли си колку ќе бидеш среќен во иднина кога Јехова ќе те награди што се трудиш да ги поучиш луѓето од изминатите векови и тие ја прифаќаат таа поука со благодарно срце!

23. Што треба да бидеме решени да правиме?

23 Како несовршени луѓе, не можеме да ги преброиме и да ги наведеме сите благослови што денес ги уживаме како Јеховин народ (Псалм 40:5). Особено сме благодарни за сето она што Јехова го прави за нас во духовен поглед (Исаија 48:17, 18). Затоа, сеедно какви се нашите околности, да продолжиме со цело срце да му вршиме света служба на Бог додека го очекуваме големиот Јеховин ден.

Како би одговорил?

• Што е „Јеховиниот ден“?

• Како можеш да покажеш дека си подготвен за Јеховиниот ден?

• Бидејќи Божјиот голем ден е толку близу, кои промени можеби треба да ги направиме?

• Што со душа чекаш да се случи откако ќе помине Јеховиниот ден?

[Прашања]

[Слика на страница 12]

Исус покажал дека е подготвен за испитите

[Слика на страница 15]

Каква чест ќе биде да им помогнеме на воскреснатите да учат за Јехова!