Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Петар се одрекува од Исус

Петар се одрекува од Исус

Катче за младите

Петар се одрекува од Исус

Упатства: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си како изгледаат местото, околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови.

АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ МАТЕЈ 26:31-35, 69-75.)

Колку луѓе си замисли во сцената?

․․․․․

Дали оние што зборуваа со Петар беа љубезни? љубопитни? лути? или нешто друго?

․․․․․

Што мислиш, како се чувствуваше Петар кога го обвинија?

․․․․․

Зошто Петар се одрече од Исус? Затоа што не го сакаше доволно или поради нешто друго?

․․․․․

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО. (ПРОЧИТАЈ ЛУКА 22:31-34; МАТЕЈ 26:55-58; ЈОВАН 21:9-17.)

Како тоа што Петар бил премногу самоуверен можеби било една од причините што згрешил?

․․․․․

Како Исус покажа дека има доверба во Петар, иако знаеше дека Петар ќе се сопне за момент?

․․․․․

Иако се одрече од Исус, како Петар покажа поголема храброст од другите ученици?

․․․․․

Како Исус покажа дека му прости на Петар?

․․․․․

Што мислиш, зошто Исус трипати го праша Петар: „Ме сакаш ли?“

․․․․․

Како, според тебе, се чувствуваше Петар по овој разговор со Исус, и зошто?

․․․․․

ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ...

За стравот од луѓе.

․․․․․

Од тоа што Исус имал разбирање за своите ученици, дури и кога грешеле.

․․․․․

Што ти остава најсилен впечаток во овој извештај, и зошто?

․․․․․