Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали Речта била Семоќниот Бог или еден бог?

Дали Речта била Семоќниот Бог или еден бог?

Дали Речта била Семоќниот Бог или еден бог?

ОВА прашање мора да го разгледаат преведувачите на Библијата кога го преведуваат првиот стих од Евангелието според Јован. Во преводот Нов свет, овој стих гласи: „Во почетокот беше Речта, и Речта беше кај Бог, и Речта беше бог“ (Јован 1:1). Некои други преводи го преведуваат последниот дел од овој стих на начин што пренесува мисла дека Речта била „божествена“, или во таа смисла (A New Translation of the Bible од Џејмс Мофат; The New English Bible). Меѓутоа, многу преводи го преведуваат последниот дел од Јован 1:1 вака: „И Речта беше Бог“ (The Holy Bible—New International Version; The Jerusalem Bible).

Грчката граматика и контекстот недвосмислено покажуваат дека преводот Нов свет е точен и дека „Речта“ не се однесува на оној „Бог“ што се спомнува во почетокот на стихот. Сепак, тоа што во грчкиот јазик во првиот век немало неопределен член (еден, една, едно) отвора прашања во мислите на некои луѓе. Затоа, многу е интересен еден библиски превод на јазик што се зборувал во првиот век од нашата ера.

Се работи за сахидскиот дијалект на коптскиот јазик. Коптски јазик се зборувал во Египет во вековите откако Исус ја извршувал својата служба на Земјата, а сахидскиот дијалект бил ран литературен облик на тој јазик. Во врска со првите коптски преводи на Библијата, во еден библиски речник стои: „Бидејќи [Септуагинтата] и [Христијанските грчки списи] се преведувале на коптски јазик во 3 век од н.е., коптската верзија се темели на [грчки манускрипти] кои се значително постари од повеќето постоечки сведоштва“ (The Anchor Bible Dictionary).

Сахидскиот коптски текст е особено интересен од две причини. Прво, како што видовме погоре, покажува како христијаните го разбирале Светото писмо пред четвртиот век кога учењето за Света Троица станало официјална доктрина. Второ, коптската граматика е прилично блиска со англиската во еден важен аспект. Првите преводи на Христијанските грчки списи биле направени на сириски, латински и коптски јазик. Сирискиот и латинскиот, исто како грчкиот јазик во тоа време, немале определен член. Меѓутоа, коптскиот јазик има. Освен тоа, изучувачот Томас О. Ламбдин во едно свое дело вели: „Употребата на членот во коптскиот јазик, како определениот така и неопределениот, многу одговара на употребата на членот и во англискиот јазик“ (Introduction to Sahidic Coptic).

Значи, коптскиот превод дава интересен доказ за тоа како го разбирале Јован 1:1 во тоа време. Каков е тој доказ? Во сахидскиот коптски превод е употребен неопределен член кај зборот „бог“ во последниот дел на Јован 1:1. Така, кога ќе се преведе буквално на македонски јазик, преводот гласи: „И Речта беше еден бог“. Очигледно, тие древни преведувачи сфатиле дека зборовите на Јован запишани во Јован 1:1 не значеле дека Исус требало да се смета за Семоќниот Бог. Речта била еден бог, но не била Семоќниот Бог.

[Графикон/слики на страница 24]

(Види во публикацијата)

ЈОВАН 1:1. САХИДСКИ КОПТСКИ ТЕКСТ; P. CHESTER BEATTY-813; СО ИНТЕРЛИНЕАРЕН ПРЕВОД (првиот заокружен текст е определениот член, а вториот заокружен текст е неопределениот член)

In the beginning existed the Word

and the Word existed with

the God and a god was

the Word

[Извор на слика]

Репродукција со дозвола на Chester Beatty Library