Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ќе владеат малкумина, но за благослов на многумина

Ќе владеат малкумина, но за благослов на многумина

Ќе владеат малкумина, но за благослов на многумина

УШТЕ од времето на апостолите, Бог избира од луѓето ограничен број верни христијани и ги усвојува како свои синови. Промената што ја доживуваат овие усвоени синови е толку целосна што Божјата реч ја нарекува повторно раѓање. Целта на повторното раѓање е да се подготват таквите слуги на Бог еден ден да владеат од небото (2. Тимотеј 2:12). За да станат владетели, воскреснуваат од мртвите и добиваат небесен живот (Римјаните 6:3-5). На небото, тие „ќе царуваат над земјата“ заедно со Христос (Откровение 5:10; 11:15).

Меѓутоа, Божјата реч кажува дека вечно спасение ќе добијат и други луѓе, а не само оние што се повторно родени. Во Библијата (и во Хебрејските и во Христијанските грчки списи) се спомнува дека Бог има намера да спаси две групи луѓе — една релативно мала група владетели што ќе живеат на небото, и една голема група поданици што ќе живеат на Земјата. На пример, забележи што им напишал апостол Јован на христијаните кои биле повторно родени. Во врска со Исус, тој рекол: „Тој е жртва помирница за нашите гревови, и не само за нашите [малата група] туку и за гревовите на целиот свет [големата група]“ (1. Јованово 2:2).

Нешто слично напишал и апостол Павле: „Созданието [големата група] желно го исчекува објавувањето на Божјите синови [малата група]“ (Римјаните 8:19-21). Како треба да ги разбереме овие зборови на апостолите Јован и Павле? Вака: Оние што се повторно родени ќе влезат во составот на една влада на небото. Со која цел? Да им донесат вечни благослови на безброј милиони луѓе кои ќе живеат на Земјата како поданици на Божјата влада. Затоа, Исус ги поучил своите ученици да се молат: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10).

И во Хебрејските списи се зборува за тоа дека ќе се спасат две групи луѓе. На пример, забележи што му рекол Јехова на Исусовиот прататко Авраам: „Преку твоето потомство [малата група] ќе се благословат сите народи на земјата [големата група]“ (1. Мојсеева 22:18). Да, благословите требало да ги добијат сите народи преку ‚потомството‘ на Авраам.

Кое е тоа „потомство“? Исус Христос и оние што се повторно родени, односно усвоените синови на Бог. Апостол Павле објаснува: „А ако сте Христови, тогаш сте потомство на Авраам“ (Галатите 3:16, 29). А какви благослови ќе добијат луѓето од сите народи преку тоа „потомство“? Тие ќе ја стекнат Божјата милост и ќе добијат бескраен живот во рај на Земјата. Псалмистот Давид прорекол: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29; Исаија 45:18; Откровение 21:1-5).

Значи, на небото ќе владеат само малкумина, но во придобивките од таа небесна влада — вечен живот на Земјата со сите благослови што ги носи тој — ќе уживаат многумина. Ќе биде убаво ако ти и твоето семејство бидете меѓу оние кои ќе ги добијат вечните благослови што ќе ги донесе Божјето Царство.

[Слика на страница 12]

Безброј милиони луѓе ќе бидат благословени со вечен живот на Земјата. Ќе бидеш ли и ти меѓу нив?