Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

За „крајот“

За „крајот“

Што учиме од Исус

За „крајот“

На што ќе му дојде крајот?

Учениците го прашале Исус: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на свршетокот на овој поредок?“ (Матеј 24:3). Кога давал одговор на ова прашање, Исус не рекол дека ќе ѝ дојде крајот на планетата Земја. Тој и претходно зборувал за „овој поредок“, и со тоа мислел на целиот световен и религиозен систем со кој управува Сатана (Матеј 13:22, 40, 49). На истиот тој поредок мислел и кога рекол: „Ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

Како го опишал Исус крајот?

Крајот на овој неправеден свет е „добра вест“. Исус рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“. Исус го опишал крајот на сегашниов поредок со следниве зборови: „Тогаш ќе има голема неволја каква што немало од почетокот на светот до сега, ниту повеќе ќе има. И ако не се скратат тие дни, никој нема да се спаси“ (Матеј 24:14, 21, 22).

Кој ќе биде уништен?

Ќе бидат уништени само оние што не ги сакаат и не им служат на Јехова и Исус. Таквите луѓе не го слушаат Бог. Исус рекол: „Како што беше во деновите на Ное, таква ќе биде и присутноста на Синот човечки. Зашто... во тие денови пред потопот... не обрнуваа внимание додека не дојде потопот и ги однесе сите“ (Матеј 24:36-39). Исус рекол дека многу луѓе се на патот што води во уништување. Меѓутоа, кажал дека има и еден ‚тесен пат што води во живот‘ (Матеј 7:13, 14).

Кога ќе му дојде крајот на овој поредок?

Кога го прашале кој е знакот на неговата присутност „и на свршетокот на овој поредок“, Исус одговорил: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад и земјотреси... беззаконието ќе се зголеми, па кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:3-12). Значи, сите лоши вести што ги слушаме денес имаат едно охрабрувачко значење — наскоро владата на Божјето царство ќе донесе мир за послушните луѓе. Исус рекол: „Кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Божјето царство е близу“ (Лука 21:31).

Што треба да направиш?

Исус рекол дека Бог ‚го дал својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот‘ (Јован 3:16). За да веруваш во Бог и во неговиот Син, треба добро да ги познаваш. Затоа, Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Внимавај грижите и проблемите да не те спречат да научиш како да ја покажеш својата љубов кон Бог. Исус рекол: „Внимавајте на себе вашите срца да не бидат оптоварени со... животните грижи, па тој ден да ве затече и да ве изненади како замка. Зашто, ќе дојде“. Ако го послушаш предупредувањето што го дал Исус, ќе ‚успееш да го избегнеш сето она што треба да се случи‘ (Лука 21:34-36).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 9. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, кое носи наслов „Дали живееме во ‚последните денови‘?“ *

[Фуснота]

^ пас. 14 Издадена од Јеховините сведоци.