Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

2. Читај ја без предрасуди

2. Читај ја без предрасуди

Како можеш да ја разбереш Библијата

2. Читај ја без предрасуди

Дали некој пријател некогаш ти кажувал негативни работи за некого што никогаш не си го запознал? Кога конечно си го запознал, дали она што ти го рекол пријателот те заслепило за способностите и за убавите особини што ги има тој човек? Нешто слично може да се случи и во врска со Библијата.

АПОСТОЛ Павле предупредил што може да се случи ако не ја читаме Библијата без предрасуди. Во врска со некои Евреи од негово време, Павле напишал: „Сведочам за нив дека ревносно се трудат да му угодат на Бог, но не знаат точно што е неговата волја“ (Римјаните 10:2).

Некои од тие Евреи од првиот век не сакале да ја прифатат вистината што била јасно откриена во Хебрејските списи: кој е Месијата. Исус од Назарет одговарал на секој опис за Месијата што бил изнесен во Писмото и го исполнил секое пророштво. Но, бидејќи имале закоравени предрасуди, многу негови сонародници не ја разбрале Божјата реч.

Што можеме да научиме од ова? Дека е важно да ја читаме Библијата непристрасно. Превезот од предрасуди или од однапред создадени претстави може да го спречи читателот да ја разбере вистината од Библијата.

На пример, еден професор по теологија во Северна Каролина (САД), ја опишува Библијата како „чисто човечка книга, со многу човечки гледишта, кои често се разликуваат едно од друго и ниедно не дава непогрешливи совети за животот“. Ако некој ја чита Библијата како „чисто човечка книга“, зар нема лесно да ги отфрли советите или начелата што не му се допаѓаат?

За разлика од тоа, Библијата нѐ охрабрува внимателно да ја проучуваме. Во врска со Веријците во времето на Павле, Светото писмо вели: „Многу горливо ја примија речта и секој ден ги истражуваа Писмата за да видат дали е тоа така“ (Дела 17:11). Како што направиле тие читатели, можеби и ти ќе треба да го тргнеш превезот од предрасуди или критики што би можеле да го замаглат твоето разбирање. Читај ја Божјата реч без предрасуди, со желба да ја откриеш возбудливата порака што ја има нејзиниот Автор.